Кошаркарите на Сан Антонио триумфираа синоќа на гостински терен кај Њу Орлеанс со 124-114 и со тоа му ја донесоа 1.332 победа на својот тренер Грег Попович во кариерата.
Попович сега е израмнет на второто место на вечната листа со ист број триумфи како и легендарниот Лени Вилкенс и дојде на само три победи од израмнување на апсолутниот рекорд што со 1.335 победи го држи
Денвер на гостувањето во Торонто ги совладаа домаќините со 110-109, прекинувајќи им ја серијата од осум победи. До победата гостите ги предводеше Никола Јокиќ со 28 поени и 15 скокови.
Резултати на натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:
Далас – ЛА Клиперс 97-99
Портланд – Њујорк 112-103
Шарлот – Мемфис 118-125
Вашингтон – Сакраменто 110-123
Њу Орлеанс – Сан Антонио 114-124
Филаделфија – Кливленд 103-93
Торонто – Денвер 109-110
Мајами – Бруклин 115-111
Чикаго – Оклахома 106-101
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 117-115
Феникс – Орландо 132-105.
Извор: МИА