ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформација е дека „вакцината шири вирус“

February 14, 2022 09:49
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефикасен против хоспитализација кај 98,8 отсто од луѓето кои претходно примиле две дози АстраЗенека или Фајзер.

Вистиномер рецензира објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека вакцините против ковид 19 „шират вирус“. Ова тврдење е изведено како заклучок, откако е споделено писмо од болница во Англија во кое се вели дека од сите кои биле хоспитализирани во оваа болница на 18 јануари 2022 година, вкупно 182 на број, 162 примиле две или повеќе дози вакцина (од кои 130 биле вакцинирани со три дози), 7 примиле една вакцина, а 13 не биле вакцинирани.

Поради оваа статистика, од само еден ден и од само една болница, во објавата се заклучува дека ,,вакцината шири вирус” и се додава:

Според оваа писмо од болница, од 162 пациенти – 139 примале 3-та вакцина? (ВАКЦИНАТА ШИРИ ВИРУС). И тие сакаат децата да ги вакцинираат?

Од писмото може да се види дека 130 луѓе примиле трета доза, а не 139 како што пишува во постот. Понатаму, не е вистинито дека вакцината шири вирус. На официјалната страница на Министерството за здравство за вакцинација во Северна Македонија, во делот за разобличување митови, пишува дека вакцината не може да ве разболи од ковид-19:

Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот КОВИД-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со КОВИД-19. Некои луѓе кои примиле вакцина пријавиле лесни до умерени несакани ефекти, вклучувајќи болка на местото на инјектирање, замор, главоболка и болка во мускулите. Не секој добива несакани ефекти. Но, ако добие, тие се нормални и знак дека вашето тело ја гради својата одбрана од вирусот, наведено е таму.

Исто така, од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во Велика Британија до 10 февруари 2022 година 37,650,239 луѓе примиле бустер доза односно трета доза вакцина.

Во Велика Британија, здравствените власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефективен против хоспитализација кај 98.8 проценти кај луѓето што претходно примиле две дози АстраЗенека или Фајзер (страница 9).

Повеќе студии потврдиле дека вакцините се ефикасни против хоспитализација кај повозрасната популација ако се работи за алфа варијантата, а имаат 90 проценти заштита против делта варијантата со три примени дози вакцини. Кај повеќето групи оваа заштита против хоспитализација опаѓа ако поминале повеќе од 5 месеци по втората доза, особено ако се работи за ризични групи (страница 8 во извештајот).

На страница 13 и 14 во извештајот се кажува дека било направено истражување во кое е утврдено дека ефикасноста на вакцината е пониска за омикрон споредено со делта варијантата на ковид-19. Од тие што примиле две дози АстраЗенека ефикасноста се намалила за половина, до никаков ефект 20 недели по втората доза. Од тие што примиле две дози Модерна или Фајзер, ефикасноста се намалила на 10 проценти 20 недели по втората доза. Две до четири недели после бустерот, ефикасноста на вакцината е од 65 до 75 проценти, а се намалила на 55 проценти девет недели по бустерот. Ако поминале повеќе од десет недели од бустерот, ефикасноста се намалила на 50 проценти.

Меѓу 3 и 30 јануари 2022 година во Северна Ирска, 39 проценти од хоспитализираните под 50 години биле невакцинирани. 14 проценти од тие со ковид-19 над 50 години биле невакцинирани. Невакцинираните повозрасни од 50 години кога ќе се споредат со оние кои примиле бустер доза, имаат 5.2 пати поголеми шанси да завршат хоспитализирани поради ковид-19, се вели во извештајот. За помлади од 50 години, невакцинираните имаат 6.8 пати повеќе шанси да бидат хоспитализирани отколку целосно вакцинираните со бустер, пишува во извештајот за вакциналниот статус на ковид хоспитализираните во Северна Ирска. 

Во извештајот е додадена и една клучна забелешка:

Кога има голем опфат со вакцини кај населението, дури и кај високоефективна вакцина, се очекува дека голем дел од случаите на хоспитализација и смртност ќе се случат кај вакцинираните луѓе. Ова е едноставно, зошто поголем дел од населението е вакцинирано, отколку невакцинирано, a ниедна вакцина не е 100 проценти ефикасна. Ова особено е така, зошто приоритетно вакцинирани се луѓе кои имаат поголем ризик од сериозна болест. Луѓето од ризичните групи можат исто така да имаат и поголем ризик од смрт поради причини кои не се ковид-19 и поради тоа може да се хоспитализирани или да починат со ковид-19, а не поради ковид-19. Затоа треба многу внимателно да се интерпретират бројките за хоспитализации, пишува во овој извештај.

Оттаму, не е вакцината таа која што шири вирус, ниту пак придонесува за хоспитализации, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме, туку е природно во општества како британското каде што огромен дел од населението е вакцинирано со трета доза и поголем дел од хоспитализираните да бидат со трета доза. И самите британски власти во официјални здравствени извештаи предупредуваат на внимателно интерпретирање на резултатите од хоспитализациите на вакцинираните, потенцирајќи дека хоспитализацијата може да не била поради ковид-19, туку поради друга болест, особено зашто поголем дел од старите луѓе се вакцинирани, а имаат хронични болести.

Затоа, Вистиномер оценува дека не е вистина дека „вакцината шири вирус“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk