ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонските дипломати засега остануваат во Киев, нивните семејства се враќаат во Скопје

February 14, 2022 07:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската амбасада во Украина засега продолжува да работи и дипломатите остануваат во Киев, но нивните семејства неделава ќе се вратат во Скопје. Во Украина остануваат и околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ.

Во Украина во моментов престојуваат околу сто македонски државјани, а МНР разработи план со активности за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера на брифинг информира дека има четири категории македонски државјани во Украина. Во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Бидејќи тие се суштествен персонал за амбасадата и засега нема одлука таа да се затвори, дипломатите ќе останат во Украина додека не биде донесена поинаква одлука, но одлучено е нивните семејства да се вратат во Скопје на почетокот од неделава.

МНР е во договор со Бугарија и доколку се појави потреба за повлекување на двајцата дипломати, има целосно утврден аранжман како тоа ќе се организира.

Одлучено е засега во Украина да останат и околу 30 набљудувачи од Севрна Македонија во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.

Во третата категорија се околу 40 државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украина и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани.

До сите наши државјани важи апелот – да ја искористат можноста за комерцијални летови за да ја напуштат Украина и да се вратат во Северна Македонија.

Османи посочи дека дел од плановите почнуваат да се реализираат врз основа на блиска комуникација што МНР ја има со сојузниците.

-Разменувајќи информации, стана се поизвесно дека е можна ескалација односно руска инвазија во Украина и затоа почнаа да се реализираат дел од плановите коишто беа подготвени за различните сценарија. Не сакаме да внесеме незивесност и страв во однос на мерките што ги преземаме за Украина, целосно сме во координација со нашите сојузници, и во рамки на НАТО, и во ЕУ, и сето тоа го правиме врз основа на плановите и информациите што ги имаме, рече Османи, додавајќи дека МНР продолжува  одблиску да ја следи состојбата и дека НАТО  бара дипломатско решение за деескалација на тензиите.

Во меѓувреме, САД и уште двасетина земји меѓу кои и Велика Британија, Германија, Холандија, Австралија, Нов Зеланд, Хрватска, Бугарија… им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина.

Пентагон викендот објави и дека ги повлекува речиси сите свои војници од Украина, а од Вашингтон дојде и предупредување дека Русија и натаму трупа војска и воена опрема во пограничните области и оти рускиот напад би можел да се случи во следните 10 дена. /MИА/.

Next Post

Почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот на населението

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk