ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица

February 15, 2022 17:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заинтересирани сме за создавање на гасоводот Петрич-Струмица,  рече министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши за БНТ, истакнувајќи дека цел на Владата е продлабочување на соработката со Бугарија, како и со другите соседни земји, јави дописникот на МИА од Софија.

Тоа, посочи Бектеши, важи и за енергетскиот сектор, особено за диверзификацијата и снабдувањето со гас на Северна Македонија. Друг важен фактор е зајакнувањето на безбедноста на снабдувањето со гас во Северна Македонија, бидејќи мора да се има предвид дека во Скопје производството на топлинската енергија доаѓа од снабдувањето со гас. Северна Македонија е заинтересирана самостојно да се приклучи на терминалот за течен природен гас во Александрополис. Тој коментира дека Скопје е во постојан контакт со инвеститорите, но и со учесниците на терминалот, што значи дека е во контакт и со Бугарија, која е и еден од инвеститорите во него.

Според македонскиот министер за економија, ова може да го зголеми количеството на гас во регионот на Западен Балкан и со тоа да ги намали цените на бензинот, а со тоа да доведе до поголеми можности и за Александрополис и за постоечкиот гасовод со Бугарија, како и за ТАНАП.

Како што вели Бектеши, годинава Северна Македонија ќе започне со изградба на интерконектор со Грција, кој ќе биде вклучен во мрежата на локалниот оператор ДЕСПА. Така, Северна Македонија е повеќе од заинтересирана за секоја можност што ќе ја зголеми можноста за зголемување на количествата гас, како и безбедноста на нивното снабдување, што ќе влијае на цените на производството, а во иднина и на приватните потрошувачи.

-Со воспоставување подобри контакти меѓу туристичките компании од Северна Македонија и Бугарија може да се постигнат подобри резултати. По периодот на Ковид-19, се враќаме на посериозни економски активности, како што е формирањето на нови авиолинии, како и инвестициите во инфраструктурата, како што е експресниот пат до границата со Бугарија. Работиме и на реализација на железничката пруга и убеден сум дека со овие акции ќе се зголеми бројот на туристи од двете страни на границата, вели Бектеши.

При крај сме, посочи, со потпишувањето на најавениот меморандум за соработка во туризмот и очекуваме да биде потпишан во април. Една од точките на овој документ е двете земји да учествуваат на саеми за туризам и настапи во трети земји, за да можат странските туристи да ги посетат и Северна Македонија и Бугарија.

-Авиокомпанијата Софија-Скопје може да се прошири, најавува Бектеши, кој во тек на неодамншените разговори со тур-операторите рече дека треба да се искористи секоја можност за поврзување и на Варна и на Охрид и Тирана, бидејќи, како што наведе, можеме да создадеме заеднички туристички производи, кои исто така би биле важни за соработката во Коридорот 8, кој води кон развој на сите земји по неговата траса.

Next Post

Слобода за Пале - е победа и промена за сите нас

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk