ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Северна Македонија се позиционира како енергетска раскрсница во регионот

February 17, 2022 14:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на настанот по повод поставувањето камен темелник на 400 киловолтниот далекувод кој тргнува од трансформаторската станица „Битола2“ и ги поврзува електро преносните системи на Северна Македонија и на Албанија. Проектот, како проект од Коридорот 8, е со исклучителна регионална стратешка и капитална вредност, информираат владините служби.

„Со оваа инвестиција вредна 17,2 милиони евра се поврзуваме со Република Албанија како последна земја со која нашата држава не беше енергетски поврзана. На овој начин го заокружуваме процесот на поврзување со електропреносните системи на сите наши соседни земји, со кои веќе имаме пет интерконекции на 400 киловолтно напонско ниво – две врски со Грција и по една со Србија, Косово и Бугарија. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење како за нас, така и за целиот регион. Со овој проект, Северна Македонија се позиционира како балканска раскрсница за дистрибуција на електрична енергија“, истакна премиерот Ковачевски во обраќањето со кое го поздрави почетокот на работите на овој далновод, кој е дел од најголемиот капитален проект од 50 милиони евра во преносната енергетска мрежа за интерконекција на Северна Македонија со Албанија, кој меѓу другото, ја опфаќа и изградбата на трансформаторската станица во близина на Охрид која започна во август 2021 година, како и проширување на 400/110 киловолтна трансформаторска станица „Битола 2“.

Во сферата на целата електроенергетска верига исток-запад, нагласи премиерот Ковачевски,  интерконективниот далекувод Битола-Елбасан е реализација на Коридорот 8 и претставува клучна алка во транзитот на електрична енергија од Бугарија, преку Северна Македонија, низ Албанија до Италија.

„Со далекуводот и трансформаторската станица се реализира стратешката определба на националниот електропреносен систем оператор МЕПСО, а тоа е да обезбедува доверлив и стабилен систем, интегрирање на заедничкиот Европски пазар на електрична енергија, а со тоа зголемена конкурентност и економски бенефит за сите граѓани. Со овој проект Северна Македонија ги исполнува високите европски технолошки стандарди за пренос на електрична енергија, нешто што е особено важно за нас како земја“, посочи претседателот на Владата Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека проектот отвора широки економски потенцијали и од перспектива на иницијативата Отворен Балкан и дека со инвестирање во капитални проекти во електро енергетската мрежа, ги поврзуваме економиите на земјите од регионот со нов потенцијал за натамошен развој.

„Со реализација на овој голем проект испраќаме јасна порака до сите инвеститори дека ја јакнеме преносната мрежа на електрична енергија и создаваме поволен амбиент за оние кои сакаат да го искористат економскиот потенцијал и да инвестираат во нашата земја. Тоа значи и нови вработувања, а со тоа и севкупен економски просперитет“, нагласи во своето обраќање премиерот Ковачевски.

Со честитките за почетокот на реализација на оваа крупна инвестиција, премиерот Ковачевски упати благодарност за поддршката на Европската банка за обнова и развој, како и на Делегацијата на ЕУ во земјава за грантот преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“, кој меѓу другото, е наменет за поддршка и на ваквите инвестиции од областа на енергетската индустрија.

Генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани на настанот по повод поставување камен темелник на далекуводот од ТС „Битола 2” до македонско-албанската граница, истакна дека со оваа инвестиција се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи што ќе овозможи поголема сигурност и стабилност на нашиот електроенергетски систем и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија.

Заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Џулијан Васало рече дека инвестирањето во проекти како овој е чекор напред кон енергетска трансформација и кон енергетската безбедност на земјата и регионот и дека е добар пример за поврзаност и прекугранична соработка. Васало додаде дека ЕУ останува посветена да се заврши иницијативата на ЕУ за коридор Исток-Запад за пренос на електрична енергија меѓу Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Италија.

Претставникот на Европската банка за обнова и развој во нашата земја Анди Аранитаси во своето обраќање нагласи дека интерконективниот надземен вод ќе има клучна улога во развојот на регионалниот пазар на електрична енергија и зголемувањето на капацитетот на обновливи извори на енергија, при што сончевата енергија и ветерот ќе бидат двата приоритетни обновливи извори што ќе се развиваат во Северна Македонија и Албанија на краток и среден рок, надоврзувајќи се на поддршката што ЕБОР им ја обезбеди на властите во двете земји за да започнат конкурентни тендери за обновливи извори на енергија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Берлин и Виена сакаат јасна европска перспектива за Западен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
ВИ

Кина претстави електромагнетен топ способен да лансира проектили со брзина од 7 маха

August 4, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

МНРиНТ: ДКП во Прага е во постојана комуникација со семејството на починатиот Д.Ч. со цел пренесување на телото во земјава

August 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Што скандирате бе луѓе, што премолчувате?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави електромагнетен топ способен да лансира проектили со брзина од 7 маха

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk