ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нови можности за соработка во културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот меѓу Северна Македонија и Бугарија

February 17, 2022 19:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа вториот состанок на четвртата Работна група за продлабочување на билатералната соработка меѓу владите на Северна Македонија и на Бугарија во делот на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.

Во изјавата за медиумите по завршувањето на состанокот, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е член на Работната група, истакна дека средбата поминала во конструктивна и пријателска атмосфера во чии рамки беа разменети мислења, ставови и идеи за подобрување и за унапредување на соработката во сите сегменти.

„Заеднички беше заклучокот дека досега, во културата, се реализирани повеќе проекти и инцијативи што ја унапредија меѓуинституционалната соработка, а се реализирани и многубројни гостувања на македонски и на бугарски уметници на значајни манифестации во двете држави. Се согласивме дека оваа соработка треба да продолжи, но и да се интензивира, за што ќе придонесе и потпишувањето  на новата Програма за соработка меѓу двете министерства за периодот 2022 – 2025 година. Ресорните министерства веќе работат на нејзиното изготвување“, рече министерката за култура.

Предложена е и организација на заеднички работилници за вработените во двете министерства за култура и за други корисници на средства од програми што се во функција на развој на креативните индустрии во двете држави, со партиципација на европски експерти од областа. Министерката за култура додаде дека во насока на зацврстување на административниот капацитет во перспективата на примена на европските нормативни документи во областа на културата очекува помош од Бугарија, како земја членка на Европската Унија.

Од Владата на Република Бугарија, изјава имаше министерот за образование и наука, Николај Денков. Тој се осврна на можностите за соработка во програмата Еразмус, за одржување заеднички состанок на ректорите од универзитетите од двете земји, олеснување на признавањето на дипломите од универзитетите на двете земји, и рече дека вториот состанок на Работната група беше искористен за прецизирање на динамиката на спроведување на планираните активности во сите сфери за кои оваа група е задолжена.

На денешната средба, на која учествуваа и министрите за образование и наука на двете земји, Јетон Шаќири и Николај Денков; министерот за спорт Радостин Василев; заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Џабир Доко;  заменик-министерот за туризам Ирена Георгиева; директорот на АСМ Наумче Мојсоски; и директорот за промоција на туризмот Љупчо Јаневски, меѓу другото, се разговараше за соработка и во туризмот, младите и спортот.

За поттикнување на соработката во делот на туризмот, особено по отворањето на авионската линија Софија – Скопје и обратно, веќе се преземаат активности за потпишување Меморандум за соработка меѓу Министерството за туризам на Република Бугарија и Министерството за економија на Република Северна Македонија, процес во кој голема улога има и нашата Агенцијата за промоција на туризмот. Унапредување на соработката преку изготвување и потпишување документ за соработка предвидуваат и учесниците од секторот за млади и спорт.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СЈ: Бараме итна судска разрешница за нападите врз новинарите

НАЈНОВО

Техеран: „Во оваа фаза“ не планираме нуклеарни разговори со европските земји

October 6, 2025
Украински беспилотни летала го погодија нафтениот терминал Феодосија во окупираниот од Русија Крим на 6 октомври 2025 година. Фото: Кримски ветер / Телеграм

Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

October 6, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари кои загинаа во лавина во Словенија

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk