ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат додатоците за работа во недела

February 17, 2022 12:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

По истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) доби пријави и поплаки од новинари и медиумски работници од повеќе медиуми во државата дека или не им биле исплатени законски утврдените додатоци на плата за работа во недела или им биле исплатени помалку пари.

Согласно измените на Законот за работни односи медиумските работници покрај правото на додаток на плата за работа во недела, имаат право и на користење на неделен одмор во наредните седум дена. Додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот.

Ако висината на вашата нето плата е 21.000 денари со оглед дека сте пријавени на полно работно време/ 40 часа во неделата односно 8 часовно работно време висината на саатницата се добива на следниот начин. Во месеците со 31 ден сумата за еден час е 21.000 ден поделено со 168 часа = 125 денари. Овие работни часови законодавецот предвидел да се остварат во една работна седмица од понеделник до сабота. Работа во недела за медимските работници е предвидена во законот за работни односи и за секој работен час – НЕЗАВИСНО од одработените часови преку работната седмица пресметката ќе изгледа вака. 125 ден за час плус 50 % или пластично 8 по 125 = 1000 плус 50% = 1.500 денари кои треба да ги имате на плата.

Потсетуваме и дека луѓето кои се со нетипични вработувања ( хонорарци,договор на дело) да не се ангажираат за работаво недела и на празници. Доколу се ангажираат нехумано и крајно неморално е да не им биде платен надоместок само затоа што немаат привилегија да бидат во постојан работен однос.

На работодавачите кои ќе го прекршат законот, им се забранува работа од 15 дена и им се издава прекршочен платен налог. Ако работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа, не смее да го намали бројот на вработените.

Повторуваме дека со оглед на тоа дека медиумите мора да работата непрекинато, праксата на кршењето на работничките права од страна на работодавачите и кратење на придонесите кои уредно се предвидени со закони мора да прекине.

Истовремено ги повикуваме работодавачите во медиумите да направат соодветна реорганизација на тимовите за работа во недела, а не да се водат пред се од идејата да заштедат некоја дневница, бидејќи со тоа се намалува квалитетот на новинарскиот производ и се губи довербата во новинарството и во медиумите./MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk