ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Пензиите не треба да бидат ничија пропагандна желботека, па и на ВМРО-ДПМНЕ

February 18, 2022 09:13
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали, од кога и колку може да бидат зголемени пензиите, за кои категории пензионери, според кое законско решение и како при сето тоа да се одржи фискална стабилност, а во исто време и стабилноста на самиот Фонд за редовна исплата на обврските кон пензионерите, потребна е сериозна анализа, јавна расправа, консултации, а не гола пропагандна реторика и спинување од типот ВМРО-ДПМНЕ мисли на пензионерите, а СДСМ и ДУИ не ги есапат. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ не кажува дека станува збор за огромна сума пари – според нашата пресметка над 87 милиони евра, а исто така, не кажува ниту од каде би се обезбедиле и кои би биле последиците.

Вистиномер анализира.

Никола Мицевски, пратеник и шеф на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РСМ, одржа прес-конференција во врска со висината на пензиите, при што се забележува спин:

Спин: Со жалење можам да констатирам дека владејачкото мнозинство едно зборува, а друго прави. Можноста да изгласаме законско решение и почеток на разговори за законско решение за зголемување на пензиите на пензионерите за 20% беше денес пред пратениците, меѓутоа пратениците од СДСМ и ДУИ гласа против ова законско решение.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Прес на Н.Мицевски – датум: 16.02.2022]

Контраспин: Пратеникот Мицевски изнесувајќи на прес-конференција дека нивниот предлог за измена на закон, со кој на пензионерите во РСМ би им се исплатиле за 20 отсто повисоки пензии почнувајќи од априлската, не поминал бидејќи за него не гласале пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, свесно ја извртува вистината, т.е. спинува, дека „владејачкото мнозинство едно зборува, а друго прави“.

Со ваквата реторика, која потоа се повторува и во дуплиран став во форма на соопштение од неговата матична партија, Мицевски и ВМРО-ДПМНЕ комуницираат со јавноста со порака дека тие се за зголемување на пензиите на една од најранливите групи – пензионерите, додека овие што се на власт не ги сакале, не мислеле на нив, итн.

Зошто е ова спин? Едноставно поради пресложеноста на самото прашање за функционирањето на пензискиот систем, редовната исплата на пензиите, финансиската стабилност на буџетот, но и генерално во земјата, за кои најодговорни се токму Владата, Фондот за пензиско осигурување, НБРСМ и некои други институции, вклучувајќи го тука и Собранието и одговорноста што ја носат пратениците преку нивните одлуки. И тие на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира.

Кога се зборува за ова прашање треба да се има предвид дека пензискиот фонд во РСМ се полни од придонесите од вработените во целата земја по законска основа и од трансфери од централниот Буџет. Во јануари 2022 имало 326.841 пензионери, а просечната пензија изнесувала 16.297 денари. Пензиите според закон и Устав се исплаќаат редовно, а за да го стори тоа Фондот, користи средства прибрани по основа на придонеси од плати и се разбира, како и во секоја држава, од државни трансфери за помош на пензискиот фонд. Е, тие државни трансфери испланирани во Буџетот на РСМ за 2022 и изгласан од пратениците во Собранието, изнесуваат 30 милијарди, 196 милиони и 500 илјади денари или 490 милиони евра (види Буџет 2022, стр.156, ставка 431), додека во 2021 година за таа намена биле исплатени 32.187 милијарди денари или 522,5 милиони евра.

Според Мицевски, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е зголемување за 20 отсто за сите пензии. Бидејќи процентот на приходите по основ на придонеси од плати не се менува, тоа значи дека за таква исплата треба да се одвојат дополнително пари од буџетот или алтернативно од Фондот доколку има вишок на средства во моментов. Со други зборови, ВМРО-ДПМНЕ бара ставката за трансфер кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од централниот буџет да се зголеми од март за 20 отсто. Ако се проектира на годишно ниво од сумата 522,5 милиони евра, значи месечно по 43,5 милиони евра и зголемено за 20 отсто, за 10 месеци тоа би било вкупно околу 87 милиони евра плус, од март до крајот на декември 2022 година.

Се разбира дека тоа е огромна сума. Но, за да може да биде исплатена, треба да се направат сериозни анализи. Од каде да се обезбедат? Од каде ќе се крати? Ако се со ребаланс на буџетот, од каде ќе бидат обезбедени тие дополнителни средства? Со ново задолжување кај домашни и странски извори? Со благајнички записи или со нова евро-обврзница…? Дали потоа опозицијата ќе излезе со ново соопштение во кое ќе тврди дека владејачката гарнитура одново се задолжува и го зголемува јавниот и долгот на секој граѓанин во земјата?

Ништо од ова не се наведува во барањето за измена на законот од ВМРО-ДПМНЕ за зголемувањето на пензиите, впрочем, исто како што ништо не се кажува во нивните соопштенија и барања и во Собранието и надвор од Собранието кога зборуваат за скалесто зголемување на сите плати согласно минималната, а тоа значи стотина милиони евра плус.

Самиот Мицевски на споменатата прес-конференција што е предмет на оваа анализа, на прашањето од новинарите „има ли пресметка или треба да истражуваат за колку пензионери се работи“, одговара со општи фрази од типот  „сметаме дека е достоинствено да им се помогне со одредени средства како би можеле овие зголемувања на цените на производите, електричната енергија па и на лековите кои што ги користат во огромен број, едноставно да им го олесниме начинот на живот и поминувањето на еден месец на секој пензионер“. Колку е тоа „одредени“, Мицевски не кажува.

Оттука, дали, од кога и колку може да бидат зголемени пензиите, за кои категории пензионери, според кое законско решение и како при сето тоа да се одржи фискална стабилност, а во исто време стабилноста на самиот Фонд за редовна исплата на обврските кон пензионерите, потребна е сериозна анализа, јавна расправа, консултации, а не гола пропагандна реторика и спинување од типот ВМРО-ДПМНЕ мисли на пензионерите, а СДСМ и ДУИ не ги есапи. Пензискиот систем во РСМ и грижата за пензионерите не треба да се ничија пропагандна желботека, па и на ВМРО-ДПМНЕ. Истото се однесува и на Владата, на СДСМ и на ДУИ, кога зборуваат дека ќе се зголемат пензиите и ќе измени системот за пресметка на усогласување на пензиите со инфлацијата, системот на плати и трошоци во земјата.

Поради тоа, искажаниот став на Мицевски и ВМРО-ДПМНЕ го препознаваме и оценуваме како извртување на вистината, т.е. спин.

Извор: Вистиномер

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk