Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау, преку офицојална изјава, изрази сериозна загриженост за гранатирањето на детска градинка во областа Станица Луханска, во регионот Луганск и повика на воздржаност.
Гранатирањето на цивилни области претставува јасно кршење на прекинот на огнот и договорите од Минск. Повикуваме на итно спречување на понатамошна ескалација, истакнува Збигњев Рау.
Тој нагласува дека секоја употреба на сила, особено против цивилното население и критичната инфраструктура, е неприфатлива.
Ја повторуваме нашата силна поддршка за сите дипломатски напори насочени кон смирување на тековните тензии и враќање на мирот, безбедноста и стабилноста во источна Украина, вели Рау.
Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, како што потенцираат од ОБСЕ, ќе продолжи да ја извршува својата витална улога со следење и известување за безбедносната ситуација на теренот.