ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вредноста на слободата

За украинските жртви за слобода и достоинство...

February 20, 2022 14:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

ЏАБИР ДЕРАЛА

Додека на границите татни руската воена машинерија, а паравојските под диктат на Владимир Путин секојдневно ги кршат договорите за прекин на огнот, Украина го одбележува 20 февруари, Денот на Хероите на Небесните Стотина. Овој ден е посветен на сеќавање на жртвите на режимското насилство на Виктор Јанукович за време на настаните кои го променија текот на украинската, но и европската историја.

Историјата ќе забележи дека повеќето од Небесните Стотина ги дадоа своите животи за време на Револуцијата на Достоинството (ноември 2013 година – февруари 2014 година). Други го загубија животот подоцна – во март и април 2014 година, бранејќи ги идеалите на демократијата, човековите права и слободи, европската иднина на Украина.

Мајданската и Шарената револуција

Деновите кога започна Револуцијата на Достоинството (Мајдан) во нашата земја владееше авторитарниот режим на Никола Груевски. Отпорот беше разгорен. Локалните избори во 2013 година и предвремените парламентарни избори во април 2014 година ги покажаа сите одлики на еден антизападен, авторитарен и клептократски режим. Тој режим не се воздржуваше од брутална примена на структурното насилство врз граѓанките и граѓаните и со изборни кражби со индустриски размери. Две години по Мајдан, во 2016 година се крена Шарената револуција и доведе до пад на режимот.

Сите што зедоа учество во граѓанскиот отпор против насилничкиот режим на Груевски и Фамилијата (како што се нарекуваше оваа авторитарна клика) ги следеа настаните во Украина и беа солидарни со тамошните борци за човечко достоинство. Јанукович беше украинскиот Груевски. И двајцата беа тоа што и денес претставува унгарскиот Орбан. Сите заедно се сенки на тиранинот во Кремљ.

Мајданскиот „пијано екстремист“

Се сеќаваме на Богдан Днипров, „пијано екстремистот“ кој својот „екстремизам“ го искажа со свирење на пијано за време на протестите на Мајдан. Режимските новинари и во Украина и во Македонија им даваа идентични називи и на Мајданските и на Шарените револуционери: предавници, шпиони, платеници… Кај нас ги користат до денешен ден.

Украинските Револуционери на достоинството се бореа за човекови права и слободи, за човечко достоинство и за Украина независна од хегемонијата на Путиновата режимска клика.

Сто и седум жртви

Сто и седум жртви однесоа судирите со силите на режимот на Јанукович. Најмладиот, Назариј Војтович, имаше 16 години, најстариот, Иван Наконечниј, беше 83. Тие, заедно со стотиците илјади демонстранти, излегоа на улиците да ги одбранат слободата и достоинството. И не го жалеа животот, не подлегнаа на пропагандата, не се исплашија од оклопните возила и полициската бруталност.

Бројката од 107 жртви не е конечна. Истрагата е во тек.

Тешкиот пат на Украина до слободата

Годините што следеа за Украина беа тешки. По падот на марионетскиот режим на Јанукович, Русија изврши агресија врз Украина и го окупира полуостровот Крим, а во источните делови на земјата инсталира паравојски во „приватно-државна сопственост“ (паравојските „Вагнер“, „Руска православна армија“ и други). Од почетокот на руската агресија на украинско тло, животот го загубија 15.000 луѓе.

Истовремено, поголемиот дел од Украина живее во слобода и развој. Демократските власти во Киев со решителни чекори ја водат земјата кон евроатлантските сојузи, нешто што стана дел и од самиот устав на Украина. Притоа, на сѐ поголем број луѓе во светот, им станува јасно дека слободата на Украина значи и слобода на Европа и светот.

Најголемата војна на европско тло во изминатите 80 години

Путин, свесен дека украинската слобода и независност значат крај за неговиот деспотизам што трае повеќе од две децении, ја покрена воената машинерија во обем невиден од Втората светска војна наваму. Тој веќе започна операции што јасно покажуваат дека е спремен да изврши тотална инвазија со „блицкриг“ (Blietzkrieg) и така да ја поведе најголемата војна на европско тло во изминатите 80 години.

Затоа, Денот на Херојството на Херојските Стотина е важен за секој човек што ја знае вредноста на слободата, на човековите права и слободи, на човечкото достоинство.

#StandWithUkraine

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

July 14, 2025

Убиства имало и ќе има – оставки немало и ќе нема

July 14, 2025

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа амандманите за помош за настраданите во Кочани и за справување со пожарите

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што им кажа Слот на играчите на Ливерпул – како да продолжат по смртта на Жота?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk