ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски најави санирање на свлечиштата на автопатот Штип-Миладиновци

February 21, 2022 12:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тимови од ЈП „Македонија пат“ денеска и утре ќе извршат увид на двете свлечиштата на автопатот Штип-Миладиновци, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на увидот во изградбата на експресниот пат Крупиште-Кочани. Инаку, претходно професори од Градежниот факултет имаат направено увид и дале свое мислење како да се отстранат свлечиштата, кои зафаќаат дел од коловозната лента.

-Денеска и утре тимови на ЈП Македонија пат ќе извршат увид за да се констатира која операција од постоечките на терен може да ја извршат и да ја завршат како Јавно претпријатие, а се она за што ќе биде потребна поголема механизација ќе биде избрана компанија на тендерска постапка која што е во тек. Така што, се прават сите подготовки да се санираат овие две свлечишта и автопатот целосно и комплетно да биде со целиот свој обем пуштен во функција, изјави Бочварски.

Во тек е и изградбата на двете патарини на автопатот Штип-Миладиновци кај клучките Кадрифаково и Преод, а директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми најави дека се очекува до крајот на мај да бидат целосно изградени.

– Кога зборуваме за начинот на плаќање на патарините тоа е утврдено за висината на цената според Законот за државни патишта, но истовремено треба да ве информирам дека ние како ЈП веќе имаме еден модел, тоа е модернизација на Коридорот 10 што е веќе извршено каде што имаме електронско плаќање. Тоа е подобра метода која се поддржува и од ЕУ. Веќе и во ЕУ доста држави имаат иницијатива да ги тргнат винетите и да се пременува на електронско плаќање. Ние веќе имаме овде електронско плаќање и овие две патарини на релација Миладиновци – Штип ќе бидат со електронско плаќање, вели Рустеми.

Посочи дека и на Коридорот 8 интензивносе  работи и до крајот на годината и таму ќе има електронско плаќање на патарините, а какошто рече, цената на патарините се утврдува според законот по километар е 2,57 денари.

Прашан дали се размислува за намалување на цената на патарините, Рустеми со одговор дека се во контакт и со Министерството за транспорт и врски, со Министерството за финансии и со Влада и какошто рече ги разгледаат сите можности во текот на оваа година на кој начин и како ќе бидат цените на патарините во Републиката.

– Се врши целокупна анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме во изградба на нови патишта и на рехабилитација на сите патишта што ги имаме во државата што спаѓаат кај државните патишта, вели Рустеми./MИА/.

Next Post
Дмитро Кулеба, Министер за надворешни работи на Украина

Кулеба: Украина и ЕУ постигнаа начелен договор за воена обука

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk