Делегација на Управувачката група за демократски развој на шведскиот Риксдаг денеска е во работна посета на Собранието.
Како што е најавено, предвидена е средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. Обраќања ќе имаат Фадил Зендели, претседател на Управувачка група и втората заменик-претседателка Лота Џонсон Форнарве од Лева партија, претседателка на Управувачка група.
Според програмата, ќе се дискутира за законодавната улога на парламентот, а ќе се обратат претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми, Дејан Димитриевски и Златко Атанасов од Парламентарниот институт.
Во делот за „Односите со гласачите и граѓанското општество“, ќе се обратат Маја Морачанин од Демократска обнова на Македонија и Маркус Виекел.
За актуелната политичка ситуација во двата парламента, ќе дискутираат Халил Снопче од Алијанса за Албанците и Керстин Лундгрен од Партијата Центар./MИА/.





