Според информациите на Министерството за одбрана на Украина, вчера (20.02.2022) околу 21 часот руските окупаторски сили извршиле уште една провокација со цел да ги обвинат украинските војници. Агресорот отвори оган од тешко оружје од место на населбата ЛОБАЧЕВЕ во правец на ЛУГАНСК.
Во отсуство на какви било агресивни дејства од страна на украинските бранители, напаѓачите сами ги разнесуваат објектите на инфраструктурата на окупираните територии и вршат хаотично гранатирање на населените места.
Очигледно е тоа, дека непријателот продолжува да ги користи своите пропагандни методи за водење информативна војна со цел да ги обвини Вооружените Сили на Украина и да ја ескалира ситуацијата. Со таквите дејства, напаѓачите уште еднаш го покажаа својот циничен и рамнодушен однос кон животот и здравјето на цивилите, пишува во соопштението.
Командирите на Здружените сили официјално објавија дека единиците на Здружените сили строго се придржуваат до договорите од Минск и нормите на меѓународното хуманитарно право. Според тоа, наводите за наводно гранатирање на населени места од страна на Вооружените Сили на Украина се отворени лаги и провокации, за кои е одговорна земјата окупатор.
Покрај тоа информираат дека во текот на изминатите 24 часа (20.02.2022), на 20 февруари, од страна на вооружените формации на Руската Федерација биле регистрирани 80 прекршувања, од кои 72 биле со употреба на оружје забрането со договорите од Минск.
Како резултат на гранатирањето, еден војник се здобил со борбени повреди, а здравствената состојба на украинскиот бранител е задоволителна. Окупаторите продолжуваат цинично да водат артилериски оган од населените места, криејќи се зад цивилите како зад жив штит, велат од Министерството за одбрана на Украина.