ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тупанчески: Со новиот закон ја јакнеме функционалноста на системот за вештачење

February 21, 2022 15:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Министерството за правда се одржа јавна расправа за нацрт – текстот на Предлог Законот за вештачење, на која поздравни обраќања имаа министерот за правда Тупанчески и заменик министерот Агим Нухиу, информираат од Министерството за правда.

Министерот Тупанчески во обраќањето истакна дека со новите измени на Законот за вештачење се изврши ревидирање на системот на судско вештачење преку допрецизирање на одредбите со кои се регулира влезот во професијата вештак, вршење на дејноста вештачење и продолжување на лиценците со оглед на тоа дека Комората на вештаци не беше во функција долг временски период.

– Верувам дека со донесувањето на овој современ закон ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, судовите и самите вештаци и ќе придонесе кон зајакнување на ефикасноста и квалитетот на судските постапки, рече Тупанчески.

Министерот за правда се осврна на потребата од промена на досегашниот закон и истакна дека поради големиот број на лоцирани слабости и недостатоци во актуелниот закон, нужна беше потребата од зајакнување на функционалноста на системот за вештачење преку донесување на нов закон кој целосно ќе одговара на реформираниот правосуден систем.

– Сакам да нагласам дека законот е целосно усогласен со мерките кои произлегуваат од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022). Во таа насока, се напушта концептот на електронско полагање на испитот за вештаци и се воведува усно и писмено полагање на кандидатите пред стручни комисии, врз основа на објективни и мерливи критериуми за процена на нивните знаења, рече Тупанчески.

Заменик министерот Нухиу додаде декa со новите законски измени досегашните нелогичности ќе бидат отстранети.

-За странско вештачење има случаи кога судиите покажуваат дилеми дали директно да применат странска експертиза или да побараат мислење или еквивалентност на странска експертиза. Во некои случаи пак одредени академски и научни експерти дале експертиза за одредена област, а потоа за други случаи од истата област ја одбиле поради некомпетентност. Поради ваквите ситуации изработка на нов текст на Законот за вештачење беше повеќе од потребен, рече Нухиу.

Пред учесниците, претставниците на Агенција за судски вештачења,  и присутни членови на работната група, која изминатиот период заедно со експертите од Република Хрватска и Босна и Херцеговина активно работеше на изготвувањето на Нацрт – текстот на Законот за вештачење, свои обраќања имаа и директорот на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, проф. д-р Александар Станков и претседателката на работната група, Валентина Шаурек.

Next Post

Владина делегација предводена од вицепремиерот Битиќи од утре на глобалниот саем ЕКСПО во Дубаи

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

October 29, 2025

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу граѓани да излезат и да гласаат

October 29, 2025

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk