ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„EU vs Disinfo“: Како Кремљ фабрикува причини за инвазија на Украина

February 22, 2022 13:34
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
euvsdisinfo.eu

euvsdisinfo.eu

Share on FacebookShare on Twitter

„EU vs Disinfo“, ЕУ-сервисот за борба против дезинформациите и манипулациите што се пласираат од официјална Москва и од нејзините трабанти објави нова анализа на преовладувачките дезинформациски наративи во врска со Украина, која што Вистиномер ја пренесува во целост.

Среде воената ескалација долж границите на Украина, медиумите контролирани од руската држава продолжуваат да негуваат дезинформациски наративи за закани за злосторства или за злосторства што веќе се извршуваат над населението во Донбас. Тоа, очигледно, се прави за да се конструира повод за војна, „причини“ за инвазија, и да се држи постојано отворена можноста за нова, директна воена агресија врз Украина, пишува „EU vs Disinfo“.

Лажните наводи со кои официјален Киев се обвинува за „злосторства и репресалии“ во Донбас се редовно присутни со години во медиумите блиски со Кремљ. Дезинформациските „медиуми“, вклучително и оние за кои е утврдено дека се поврзани со руските разузнавачки служби, ја обвинувале Украина во многу мигови во минатото за „етничко чистење“ и геноцид. Тоа беше случај во 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 г.

Сега тие измами се рециклираат од највисоките ешалони на Кремљ.

Подолу може да се види приказ на некои од најистакнатите дезинформациски наративи поврзани со Кремљ што се користат или може да бидат искористени како повод за понатамошна ескалација низ воена агресија врз Украина.

Мит: „Украинските сили во секој миг ќе почнат голема офанзива во Донбас“

Факт: Украина го вреднува животот на секој граѓанин и не планира никакви агресивни активности – пораката на украинското Министерство за одбрана не може да биде појасна од ова.

„Украинската армија не планира каква било офанзива и не користи и не користи оружја што би можеле да ги загрозат цивилите. Сите активности на територијата на Операцијата на здружените сили се од одбранбена природа“.

Руските државни медиуми ги интензивираат обвинувањата против Украина за тајни офанзиви. Тоа кулминираше во синхронизирани и речиси идентични видео пораки (според наводите, снимени 2 дена претходно) од водачите на милитантите поддржани од Русија во тн. ДНР и ЛНР. Во овие пораки имаше повици за масовна евакуација (всушност: наредена преселба) од страна на Русија. Со користење на терминот „евакуација“, локалните милитанти се обидуваат да ги претстават своите активности како хуманитарни, а всушност тој термин означува иселување на цивилите од нивните домови и секојдневен живот. Тврдењето на руските државни медиуми дека се евакуираат 700.000 луѓе, сугерира обид за преземање одговорност за заштитување како своевидно пресликување на војната во Косово.

Каде сме го виделе ова претходно? Со години медиумите блиски со Кремљ се преплавени со тврдења за планови на Киев за офазива против Донбас, со што Украина се претставува како бескрупулозен агресор. Примери за ова има тука. Истовремено, медиумите блиски до Кремљ отфрлаат дека се случило гранатирање на детска градинка на територија контролирана од Украина.

Наводен план за украинска воена офанзива прикажан на рускиот ТВ канал „Первиј“, контролиран од државата. Фото: Исечок од видеото, 17 февруари 2022

Мит: „Украина планира да изврши терористички напад во Донбас или Русија (со бројни жртви од цивилното население)“

Факт: Овој и сличните наводи се во редот лажни наративи со кои Украина се обвинува или за подготовка или за вршење насилни („терористички“) напади. Меѓу поновите примери се тврдењата за планови за кревање во воздух на опасни индустриски капацитети, административни згради во Доњецк или наводи за „полски платеници“. Подетален приказ за ова може да видите на DFR Lab.

Една константа во сите вакви разнородни тврдења е постојаното отсуство на какви било кредибилни докази. Ниту еден независен набљудувач не ги потврдил ваквите тврдења. Ниту еден веродостоен сведок не се појавил со такви тврдења. Во овој наратив влегува и емитуваната од многу медиуми експлозија на автомобил во Доњецк на 18 февруари 2022 година, при што се гледа репортер на руска телевизија контролирана од државата како стои до оштетен автомобил, а не се гледаат кредибилни форензички активности. И за сличната приказна – за експлозии на исфрлени цистерни за течности отсуствува каква било документација.

Украинската влада категорично ги отфрла таквите дезинформациски тврдења.

Тврдењата на медиумите блиски од Кремљ за наводен терористички напад од Украина зачестија по извештаите на меѓународните медиуми , засновани на јавно достапни разузнавачки сознанија, коишто посочуваат дека Русија би можела да изврши лажен терористички напад за да оправда воена инвазија на Украина.

Каде сме го виделе ова претходно? Русија ја обвинуваше Украина за „терористички напади“ и претходно (види во 2016), а медиумите блиски до Кремљ пак тврдеа дека Украина е раководена од „терористичка хунта“ и дека „обучува терористи“ за операции во Европа и на Блискиот Исток. Но, нема докази што би ги поткрепиле ваквите тврдења.

Мит: „Украина врши геноцид врз руско јазичното население на Истокот.“

Факт: Со обвинување на украинската влада за најсмртоносни злосторства против човештвото, Кремљ не само што се обидува да го претстави официјален Киев како најлош злосторник, туку и го злоупотребува терминот што е јасно дефиниран во Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид, усвоена во 1948 година.

Ваквите тврдења беа јасно разобличени, меѓу другите, и од независни руски медиуми. Ниту еден од многуте извештаи за состојбата со човековите права во Украина, коишто редовно се објавуваат од Високиот комесар на ОН за човекови права, и од Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ не доаѓа ни блиску до споменување геноцид во Украина.

Каде сме го виделе ова претходно? Низ годините, медиумите блиски до Кремљ го користеа произволно зборот „геноцид“ за да опишат работи што немаат допирна топка со нарушување на човековите права од голем обем, со тоа наштетувајќи на овој термин на меѓународното право. Примери за ова се „водниот“ и „визниот“ „геноцид“ во Крим и „геноцидот“ на Украинците поради отфрлањето на купување на вакцината „Спутњик В“.

Мит: „Украина ќе користи хемиско и други забранети оружја против цивилите во Донбас. САД планира „маскиран напад“ со хемиски оружја врз Донбас“

Факт: Украина никогаш не произвела, не складирала или користела хемиски оружја. САД исто така е потписник на Конвенцијата за хемиски оружја и не користи хемиски оружја.
Медиумите блиски до Кремљ, дополнително, ја обвинуваат украинската војска за користење муниција со бел фосфор, којашто е забранета со Женевската Конвенција, додека канали на „Телеграм“ што се поврзани со руските тајни служби шират гласини за радиоактивни бомби од домашно производство. Ваквите лажни наративи се шират со цел да се посее страв и дејствуваат како „емоциски прекинувачи“, понижувајќи ги украинските вооружени сили.

Каде сме го виделе ова претходно?

Медиумите блиски со Кремљ имаат долга историја на извртување на фактите за хемиските оружја, вклучувајќи тука и негирање на нападите со хемиски оружја од страна на режимот во Сирија. Медиумите блиски до Кремљ, исто така, служеа како инструменти за замаглување на фактите во атентатот врз Алексеј Навални и во Солзбери, во кои Русија всушност користеше хемиски оружја.

Мит: „Украинската војска врши злосторства во Донбас“

Факт: Наводите за тн. злосторства во Донбас се застрашувачки и понекогаш надополнети со грозоморни слики од главните руски телевизии. Но, сепак, кај нив во значителен обем има отсуство на веродостојни детали. Со постојаните ограничувања на движењето на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ не постои можност независни набљудувачи да ги испитаат ваквите тврдења.

Каде сме го виделе ова претходно?

Медиумите блиски до Кремљ користат високо емотивни и фабрикувани пораки за да спотнуваат омраза и страв од Украинците, посебно меѓу домашната руска публика. По познатата фабрикација за „распнатото момче“ што ја лиферуваа медиумите блиски до Кремљ во 2014 година, имаше и налудничави наводи дека украинските вооружени сили организирале „човечко сафари“ во кое богати луѓе од Западот наводно можеле „да си купат право“ да убиваат цивили во Донбас (2018 г.). Слични наводи за наводно „снајпер-сафари“ се појавија и месецов. Во пролетта на 2021 година, руските државни медиуми обемно ја пласираа приказната за 4-годишно момче во Донбас кое што, според наводите, било убиено од украински дрон. Според сите извештаи, ваквата причина за смртта е измислица. Вакви дезинформациски пораки се тесно поврзани со истакнатиот дезинформациски наратив за „Нацистичка Украина“, „негуван“ и од руски медиумски фигури и од руски функционери.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk