Германската компанија „Манхарт“ (Manhart) се осврна на постарата генерација на „Бе-ем-ве“ – „М2 компетишн (Ф87)“, претставувајќи свое спортско купе.Најновата креација на „Манхарт“ заснована на „М2“ лежи зад ознаката „MХ2-630“, а недостатокот на задни седишта, различните предни седишта, безбедносни појаси и кабина најдобро посочуваат дека таа е за луѓе што сакаат да уживаат на кружни патеки. Оптимизиран за патишта, „специјалниот“ автомобил на „Манхарт“ е поставен на ултралесни 19-инчни алуминиумски тркала со гуми „Мишелин кап 2 265/35“ напред и „295/30“ – задните.
Возилото е придвижувано од трилитарски шестцилиндричен битурбо-мотор со нови турбополначи, ладилници и поотворен издувен систем којшто развива 630 коњски сили и 750 њутн-метри на задната оска со седумбрзински автоматски менувач со две спојки „M4“. Тоа е доволно за забрзување 0 – 100 км/ч за 4,2 секунди и максимални 280 км/ч./MИА/.