ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Верхофштад: Лагите на Путин се разоткриваат. Кога диктаторите одат во војна, вистината е секогаш првата жртва

February 22, 2022 13:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

– Кога диктаторите одат во војна, вистината е секогаш првата жртва, но она што вчера го слушнавме од Путин беше политички театар на апсурдот. Историските искривувања и намерните лаги кажуваат се за неговата душевна состојба и невидената опасност што произлегува од неа, пишува европратеникот и поранешен премиер на Белгија, Гај Верхофштад, за говорот на Путин во врска со Украина.

Верхофштад во објавата на Фејсбук го разоткрива тврдењето на Путин дека украинската нација е измислица на Ленин, а подоцна и на Западот.

„Украина има богата и сложена историја што датира со векови, обликувана со тоа што се наоѓа на раскрсницата на Истокот и Западот, со нејзин одделен идентитет што опстојува долго пред Советскиот Сојуз. Она што го видовме во изминатите децении е дека украинскиот народ сака да биде слободен и модерен и… комплексен, како што се сите модерни идентитети, а со тоа одбива да се вклопи во „рускиот државен капут“, вели Верхофштад

Нагласува дека секоја држава има право да го брани сопствениот суверенитет, па оттука да ги избере меѓународните сојузи кои и го дозволуваат тоа.

„Желбата на Украинците да се приклучат на НАТО произлегува токму од историските и континуирани тврдења и закани на Русија. Одбранбениот сојуз како НАТО за нив изгледа единствената гаранција за мир и безбедност“, истакнува Верхофштад.

Тој вели дека признавањето на Доњецк и Луганск од страна на Путин значи дека договорите и дипломатијата како такви се сега минато.

„Шарадата за тие две независни „народни републики“ е премногу очигледна – повторување на она што се случи со Крим во 2014 година: воена операција организирана од Русија, проследена со повик организиран од Русија за „помош“, служејќи како изговор за руската војска и држава да се наметнат и да ја преземат територијата“, вели европратеникот Верхофштад.

Тој додава дека неодамна, стотици илјади руски пасоши беле дистрибуирани во регионите, како што вели,  „замаглувајќи“ ги границите пред армијата на Путин и официјално да ги прецрта.

„Да не се лажеме: начинот на размислување на Путин претставува директна закана не само за истокот на Украина, не само за Украинците, не само за земјите кои претходно биле дел од СССР, туку и за сите што сака да ги види како дел од руската сфера на влијание. Тој сака да го врати часовникот наназад не пред востанијата во Белорусија, кои му се приближија на срцето, не пред револуцијата на Мајдан, туку пред 1991 година“, потенцира во својата објава, европратеникот и поранешен премиер на Белгија, Гај Верхофштад.

Во меѓувреме руските пратеници изгласаа ратификување на договорите на Путин склучени со лидерите на двете сепаратистички републики во источна Украина, еден ден откако Путин ја призна нивната независност и нареди да бидат таму испратени војници.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk