ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Остануваме максимално посветени на принципите на отворена власт

February 23, 2022 11:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Силната политичка волја за реформи кои ги трансформираа институциите во вистински сервис на граѓаните, останува меѓу нашите врвни приоритети. Градиме нова политичка култура која ќе биде принцип на владеење не само сега, туку и во иднина, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата по повод десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.

Како што истакна Ковачевски, концептот на отворена власт овозможи испорака на квалитетни услуги и ја зголеми довербата кај граѓаните, а Владата ја направи потранспарентна и поодговорна.

Премиерот напомена дека земјава од последното место во 2016 година во регионот, се искачи на првото во однос на транспарентното владеење и таму е уште, веќе три години.

-Остануваме максимално посветени на принципите на отворена власт. Овој концепт е веќе проширен, го прифатија и општините и Собранието и судката власт што е наш сеопфатен придонес во владеењето на правото. Да се биде на последно место во 2016 година во регионот, да се стигне потоа на прво и да се остане на врвот три години по ред, значи работа, посветеност и одговорност, потенцира Ковачевски.

Тој се осврна на досегашните четири акциски планови преку кои се спроведени над 50 мерки и активности за правата на граѓаните и за подобрување на нивниот статус.

-Ги доближивме институциите до граѓаните, граѓаните ги вклучивме во креирање на политиките. Овој концепт имаше огромен придонес за земјата да се трансформира од заробена држава во отворено општество, нагласи Ковачевски.

Премиерот ги спомна и Отворениот трезор преку кој се намалува корупцијата и се зголемува довербата кај бизнис заедницата, како и дигитализацијата, процес кој, како што рече, е во интерес на сите.

Пред присутните се обрати и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

На конференцијата ќе биде промовиран петтиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023  со што воедно се одбележуваат десет години Партнерство за отворена власт во Северна Македонија.

Конференцијата е во организација на МИОА, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Центарот за граѓански комуникации и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, кои партнерски го спроведуваат проектот „Поддршка на процесот за спроведување и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023“. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk