ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Родовата перспектива и инклузијата на маргинализираните групи граѓани во општествените текови е наш приоритет

February 23, 2022 14:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска се сретна со директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, Анди Аранитаси , на која разговараа за досегашната соработка и можностите за работа на проекти кои се во областа и надлежностите на министерството, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

На средбата беше потенцирано значењето од поголема вклученост на ранливите категории на граѓани во сите сегменти од општеството. При што посебен акцент беше ставен на жените и маргинализираните групи на граѓани.

Министерката Тренчевска истакна дека еднаквиот пристап и инклузијата особено на исклучените групи на граѓани е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Притоа таа информираше дека Секторот за еднакви можности при министерството работи токму на прашањето за родовата еднаквост или заштита од дискриминацијата. Како и поврзаноста на родот со климатските промени и заштитата на животната средина и транспортот како области кои се сметаат за родово неутрални. Затоа МТСП и СЕМ континуирано започна да работи на внесување на родовата перспектива и во овие политики и за таа цел во соработка со УНДП во СЕМ назначено е контакт лице кое е одговорно за спроведување на Конвенцијата за клима на ООН.

„Вклучување на родот во сите општествени текови, економското јакнење на жените придонесува за развивање на родовата перспектива која ќе донесе напредок на општеството во целина. Кога зборуваме за учеството жените и нивната улога во креирањето на политиките за климатските промени и животната средина зборуваме пред се за почитување на човековите права на жените,“ рече Тренчевска.

Таа ја истакна и важноста на улогата на жената во грижата за здравјето, во градењето на одржливиот развој на заедниците, а во таа насока и едукацијата и обуките на вработените во државните и јавните институции, но и на жените од урбаните и руралните средини  за превентивно и практично делување  како што е штедењето вода и енергија, редуцирањето и селектирањето на отпадот и друго.

Родовата перспектива е неопходна во процесите за пристапување кон Европската Унија. Таа претставува неопходен предуслов за еднаквост, социјална правда, одржлив раст и развој на општествата.

 

Next Post
МИА

Усвоени законските измените – минималната плата се зголемува на 18.000 денари

НАЈНОВО

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk