На АТП турнирот Абиерто Мексикано во Акапулко се случи невидена сцена во светот на тенисот. Германскиот тенисер Александар Зверев удираше кон судијата со рекет и беше исфрлен од турнирот. Третиот тенисер во светот е повлечен од АТП тенискиот турнир во Акапулко поради „неспортско однесување“, објави во средата Тур, а пренесе Независен.мк.
No pretendo discutir con aficionados nuevos al tenis, cada quién tiene en su experiencia su percepción del deporte, pero lo de Alexander Zverev es grotesco e inaceptable, espero que tengan huevos y haya sanción. Si esto lo hace alguien más, lo suspenden.pic.twitter.com/7OkmXUy6wH
— ????? ????????? (@Riverettii) February 23, 2022
Зверев во среда требаше да игра натпревар од второто коло во сингл против сонародникот Питер Гојовчик, откако во првото коло го елиминираше Американецот Џенсон Бруксби.
„Погледнете каде падна топката, погледнете! Ти си кретен. Од…би“, славниот тенисер го пцуеше судијата на мечот.
Неговото однесување налути многу тениски фанови, кои на социјалните мрежи бараат суспензија за третиот тенисер на денешницата.