ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во фокусот на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“ со Ангеловски, Попоска и Зулбеари

February 23, 2022 14:16
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е панел дискусијата на ЦИВИЛ – Центар за слобода од  серијата настани „Во фокусот“  на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“.

Учесници на панелот се помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски, универзитетската професорка Весна Попоска од универзитетот „Визион“ – Гостивар и уредничката на интернет порталот „Порталб“, Елида Зулбеари. Настанот го модерира Џабир Дерала – ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата настани „Во фокусот“ кој овој пат ќе се изостри на дезинформациите и пропагандата.

Како организација за човекови права и слободи и како медиумска платформа, ЦИВИЛ со години будно ги следи состојбите во сферата на хибридните закани против демократијата и информацискиот хаос.

Дезинформациите и теориите на заговорот со години ги разградуваат општествата, ги поларизираат и ги дестабилизираат. Тие им даваат „крилја“ на радикалните структури насекаде низ светот, па така и во Северна Македонија. Дезинформациите, злонамерните и лажните вести, измамата, теориите на заговорот, псевдонауката, пропагандата и низа други појави со кои се внесува дисторзија и јавноста се заведува или се насочува врз основа на интересите на одредени центри на моќта, а не за да се информира, спаѓаат во т.н. информациски нарушувања или, според терминологијата усвоена во ЦИВИЛ, информациски хаос, вели Дерала во воведот во дискусијата.

Дезинформациите и другите облици на информацискиот хаос предизвикуваат ерозија на демократијата и демократските институции.

Кога ќе ги погледнете структурите кои водат пропаганда и дезинформациски кампањи, ќе забележите дека тие имаат практично неограничени ресурси кои ги користат нетранспарентно и без одговорност пред законите и јавноста. Тие се брзи и пробивни, бидејќи не располагаат со факти, туку со измислици, лаги и манипулации. Притоа, центрите за креирање и пласирање на пропаганда, дезинформации и теории на заговорот ги злоупотребуваат демократските придобивки во едно општество, користејќи ги правото на изразување и медиумските слободи во корист на своите неславни цели.

Од другата страна се наоѓаат оние што ги следат професионалните и етичките стандарди, за својата работа одговараат пред законот и јавноста, а нивните финансии се транспарентни. Затоа, многу полесно и побрзо е да се протне дезинформација и таа да се распространи насекаде, додека патот до утврдување и проверка на фактите за настаните, луѓето и процесите подлежат на голем број принципи и правила. Теориите на заговорот се измислици што може да се надоградуваат и модифицираат онака како што им одговара на тие што ги креирале. Од друга страна, анализите и толкувањата на настаните, состојбите и процесите подлежат на професионални и научни истражувања.

Дезинформациите и теориите на заговорот ги таргетираат емоциите на луѓето, стравот пред сè, а информациите му служат на разумот. Кога ќе слушнете дека некој спортист се струполил во спортската арена поради тоа што примил трета доза вакцина, таа информација директно ги засегнува луѓето и предизвикува страв за нивното и здравјето и животот на нивните блиски.

Или дека вакцината Астра Зенека ќе ги трансформира луѓето во шимпанза (да, има и таква теорија) предизвикува страв и недоверба, колку и да е смешна таа „информација“.

Зошто се креираат дезинформациите? Кој ги креира и како се дистрибуираат дезинформациите во јавниот простор? Кои се последиците? Кои се начините на справување со дезинформациите? Колку се успешни нашето општество и институциите во справувањето со дезинформациите?

Одговор на овие прашања ќе се обидеме да дадеме барем во некои општи рамки со нашите денешни гости на панелот „Информациски хаос: Трендови и перспективи“, што е дел од серијата онлајн настани на ЦИВИЛ со заедничко име „Во фокусот“.

Денеска разговараме со Помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски, универзитетската професорка Весна Попоска од универзитетот „Визион“ – Гостивар и уредничката на интернет порталот „Порталб“, Елида Зулбеари.

Настанот е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Next Post

Украина прогласи 30-дневна вонредна состојба поради тензиите со Русија

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk