Ние сме неформална група на граѓани кои се грижиме за бездомни кучиња и сакаме да ја информираме јавноста по добиени сознанија за следниве незаконски деjствија во јавното претпријатие Лајка-Скопје, велат од здружението „Хепи Шепи“.
„Во Лајка владее вистински хаос. Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да изврши вонреден инспекциски надзор во амбулантата на претпријатието.
По добиени сознанија од вработени во прифатилиштето владее безредие и капацитетот е преполн па дури и во оделите што не се наменети за прием има сместено и по неколку кучиња во еден бокс, а дел од нив чекаат ред за хуман третман и во транспортери, што се коси со законот за благосостојба.
Во текот на вчерашниот ден 23.2.2022 во една од операционите сали неколку кучиња биле стерилизирани од страна на нестручни и неовластени лица кои се вработени на позициите заловувач и ветеринарен техничар.
Имено лицето Горан Ѓорѓиоски и лицето Срџан Мештерович решиле судбината за животот на 8 кучиња да ја земат во свои раце спротивно на законот. Претпријатието нема вработено ветеринар согласно систематизацијата, а единствениот овластен за амбулантата е раководителот на одделението за медицински третман кој во моментот на овие незаконски дејствија користел годишен одмор.
Дали амбулантата на ЈП ЛАЈКА стана место за експерименти и вежби врз бездомните кучиња?
Бараме итна истрага и одговорност од одговорните“, се вели во соопштението.





