ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нашата опозиција за сѐ има по пет става дневно, само за Украина упорно молчи! Што така?!

February 24, 2022 12:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Што и да се постигне – или да не се постигне – во процесот на разговорите со Бугарија, за македонската националистичка опозиција тој резултат е веќе прогласен за предавство. Овој што секој ден шета како Потемкин држејќи говори по селски и градски општини за 100-те дена и 1.000-те остварени проекти на опозициските градоначалници по победата на локалните избори, само тоа го повторува: итно на вонредни избори, ако треба и со општонароден бунт, бидејќи власта во државата е криминално-предавничка! Па, иако нескромно се претставува како единствена државничка, спасителска надеж за Македонија, си молчи како „заварен“ за најголемата глобална тема деновиве, за руската инвазија на Украина. Ако нешто и мисли за тоа, не смее да го изусти, бидејќи е свесен дека голем дел од неговите поддржувачи (за самиот него не знаеме) на Путин гледаат како на лидерски идол во светот. А, темата за која постојано вергла – македонско-бугарските односи – во принцип, е иста како и ревизионистичката суштина на Путиновиот однос кон Украина: украинската нација не постои, нема украински јазик, нема украинска црква, сето тоа е измислено како последица на геополитиката по Втората светска војна и затоа нејзината анексија кон руската „матица“ е задоцнета легитимна операција на Путиновите тенкови денес.

Таа проста „равенка“ во шупливите глави на многу од македонските националисти не дава ист резултат кога ќе се примени на бугарските барања кон Македонија и руските барања кон Украина. И во најдобронамерната и наивна варијанта, таму е Москва во право, овде е Софија во криво. Државната сувереност на Украина е историска измислица, наспроти илјадагодишната+ македонска национална постановка.

Но, има и дополнителна компликација: ако го погледате политичкиот состав на „репрезентацијата“ од Бугарите во Македонија која ја притиска Софија и се турка низ вратата на Радев да ги промовира нивните права во Македонија, меѓу нив има многу личности кои биле (и се) во првите редови на ВМРО-ДПМНЕ и неговите разни партиски (а и удбашки) „рестлови“ од осамостојувањето на Македонија пред 30 години до денес. Ама, денешното ВМРО-ДПМНЕ „расчисти“ со Георгиевски, „расчисти“ со Груевски, „расчисти“ и со Заев, само уште предавникот Ковачевски да го средат на вонредни избори и „чичка-нови“ можат патриотски да заседнат на власт во државата во наредните стотина години.

Во идентична антизападна конвулзија се наоѓаат и голем број македонски интелектуални национал-шовинисти импресионирани од „привлечната моќ“ на управата на Кремљ. На пример, слушнавте деновиве нешто од најистакнатите самоубедени носители на „совеста на нацијата“ од МАНУ по повод настаните во Украина? Од таму секојдневно некој држи расплакани политички говори и потпишува петиции и фејсбук-статуси против „предавствата на СДСМ“ и за западната дволичност и во принцип и кон Македонија, но нема да чуете такви политички егзегези (да ви олеснам: толкувања на Библијата и други пишани текстови) кога треба да се просудат суверените права што ги оспорува Истокот.

Поразот на Трамп тешко им падна. Путин им е сега единствената надеж за пропаста на либералниот демократски модел. Барем Кина да беше поблиску…

Со воената ескалација на Русија кон Украина јасно е дека светот оди во нова, опасна глобална фаза, што ќе подразбере не само безбедносни, туку и нови енергетски, економски, бегалски, ценовни, инфлациски и којзнае какви уште не компликации. Поради тоа за Македонија е исклучително важно што побрзо – откако тоа успешно го направи со НАТО (sic!) – да ја продолжи својата евроинтеграција. Да, за жал, низ целата наметната компликација со Бугарија. Но, вистинското предавство на македонските национални интереси е токму настојувањето ОВА да се спречи, преку малициозни инсинуации и црни пропаганди за идентитетски загрози, национални обезличувања и антимакедонски заговори.

Токму тоа го прави лидерот на опозицијата кој почна секојдневно хистерично да го повикува народот да се крене против власта, оти нему не му се чека до редовните парламентарни избори за две години од сега да си ја проба изборната среќа. Омразата и нервозата му ги разбирам, но толку ли е политички недоветен за да ја турка земјата во непотребна криза од која, во крајна линија, само некаков „руски фактор“ во регионов може да има „украински“ интерес?! Или таа линија, напротив, ич не му е крајна?

Оти, и тој и неговата партија – вклучувајќи го и потпретседателот кој е еден од 40-те највлијателни политичари под 40 години во Европа! – за сѐ имаат по пет става дневно, само за Украина мачката им го лапнала јазикот… Што така!?

 


Преземено од ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе исператиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

Без вода утре село Трубарево и улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во Гази Баба

July 14, 2025

Уставниот суд оформил 71 нов предмет во второто тримесечје од 2025

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk