Украинската амбасадорка во Северна Македонија Наталија Задоружњук, преку видео порака им се обрати на граѓаните на нашата земја и пошироко, побикувајќи на поддршка и барајќи помош за Украина која во моментов се бори против рускиот агресија.
„Ни треба помош. Реална помош. Економска, финансиска, со оружје. Ова лудило треба да запре. Тие ги бомбардираат мирните украински граѓани.Веќе втор ден го бомбардираат Киев. ..Украинските граѓани во Северна Македонија заедно со обичните граѓаните на оваа држава, коишто не се рамнодушни на ова што се случува, ќе одржиме мирна акција со почеток од 14:30 на плоштадот во центарот на Скопје пред споменикот „Воин на коњ“. Со ова ќе му пратиме порака на рускиот режим порака дека целиот свет е со Украина“, рече Задоружњук.
Амбасадорката рече дека целиот свет е во шок од руското лудило и дека рускиот режим е признаен како најголема закана за безбедноста.
„Русија ја има една од најголемите армији во светот, а Украина – најдобрата. Никој толку жестоко и посветено нема да војува како оние кои ја заштитуваат својата земја. Еден од нашите војници се разнесе самиот себеси на мостот на кој што стоеше, само за да нема можност непријателот да помине. Сите бранители на украинскиот остров Змијиниј, загинаа, но не се предадоа, и покрај заканите на руските Вооружени сили. Нашите војници не се предаваат. Тие ја освоија нуклеарната централа Чернобил. Поради употреба на тешка воена техника од страна на Руската Федерација, во Чернобил значително се зголеми нивото на радијација. Режимот изјави дека ќе ја освои Украина за 6 часа. Тие 6 часа одамна поминаа. Ние се држиме. Но тешко е сами да опстоиме против оваа монголо – татарска орда“, рече Задоружњук во обраќањето.