ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска: Да се надминат разликите и да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала

February 25, 2022 14:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Универзална сала веќе седум години е вон функција. Како објект што го претставува срцето на Скопје, треба да се надминат многу разлики и да се продолжи со проектот кој е веќе е постоен и одобрен за да може реконструкцијата на Универзалана сала да се одвива во најбрз можен рок, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.  

Таа посочи дека реконструкцијата на овој објект во 2020 година е финансирана со средства од државниот буџет. Информира дека денеска се одлучила да ги покани градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, претставници на најрелевантните инститиции вклучени во овој проект, како Асоцијација на архитеркти, Комора на архитекти и самата фирма што го изработила овој проект, претставници од стручната фела како најповикани за да се разјаснат недоразбирањата шти излегоа во јавноста за проектот за реконструкција на Универзална сала.

Градоначалничката Арсовска изјави дека проектот Универзална сала продолжува, но, како што рече, не со онаа документација која е небезбедна за скопјани и која не може да ја гарантира нивната сигурност во оваа фаза. Таа додаде дека треба да се седне и да се разговара на маса, заедно со сите инволвирани во проектот.

Претседателката на Собранието на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Искра Јанковска Михајловска на прес-конференцијата напомена дека како архитекти при вакви реконструкции се соочуваат со измени во градба, но дека постојат процедури со ревизии од одговорни лица каде што истите се потврдуваат.

Во однос на обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека објектот е небезбеден, Јанковска Михајлоовска посочи дека кога некој ќе каже оти нешто е небезбедно треба да излезе со факти и да објасни зошто е небезбедно. Таа напомена дека сега не е завршен, но кога ќе биде завршен објектот, истиот ќе биде безбеден.

– Објектот не е завршен. Ќе се направат преправки, ќе се направат нови ситуации и објектот ќе се заврши безбедно, за да го користат граѓаните. Нема зошто да коментираме нешто на незавршен објект, рече Јанковска Михајловска.

Ралев, пак, од својот мобилен телефот го прочита, како што ги нарече, „нашиот коментар на се ова што се случува“, кој е објавен и на Фејсбук страната на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Од Асоцијацијата на архитекти  сметаат дека се врши невиден и опасен преседан за архитектурата и за струката на проектанти и учесници во градбениот процес, со тоа што се зборува од позиција на аматеризам, со вметнување опасни тези дека наводно објектот се гради според небезбеден проект. Ниту градоначалниците ниту министрите, сметаат од ААМ, не се тие кои треба да гарантираат материја вон нивните овластувања и експертност. Само стручњак со ист или повисок степен на квалификација може да суди дали некој проект е точен или неточен.

Оттаму објаснуваат дека ниту кога се гради објект од почеток проектите не се 100% прецизни за да се изведат и секогаш при градба доаѓа до одредени ускладувања на состојби, фази и решенија. Тоа во реконструктивните зафати се појачува уште порадикално.

Архитектот Бујар Муча од архитектонското биро „Мегарон Инженеринг“ информира за дел од проблемите кои произлегле, по што било направено испитување на материјалите, го препроектирале сето тоа и добиле позитивно мислење на измените во тек на градба од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Тој тврди дека се е исправно и оти Град Скопје има се.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Унгарско министерство за одбрана: Украинските војници ја добија битката во Беловодск, Русите бегаат кон границата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Сабаленка триумфираше на УС Опен

September 7, 2025

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk