ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МНР на Украина: Иронична и навредлива е лагата за геноцид, се чини дека токму Русија има таква намера

Оваа дрска манипулација нема реална основа, како што знае цел свет. Украина силно ги негира наводите на Русија за геноцид и негира каков било обид за користење манипулативни наводи како изговор за незаконска агресија.

February 26, 2022 21:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатите два дена светот продолжува да гледа невидена и брутална агресија на Руската Федерација против Украина. Барајќи оправдување за неоснованата и нефер инвазија во Украина, Руската Федерација цинично, до перверзија  ја искриви една од најсвечените заложби за човекови права на меѓународната заедница, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина.

„Во 1948 година, по завшувањето на ужасите од Втората светска војна, меѓународната заедницата се собра за да ја создаде Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството за геноцид (Конвенција за Геноцид).  Светот го дефинираше злосторството геноцид и вети дека ќе го спречи и ќе го казни.

Но, Руската Федерација го изврте концептот на геноцид, како и свечените договорни обврски во врска со геноцидот, со цел да си ја оправда агресијата и сопственото бесрамно кршење на човековите права.

Највисокото воено и политичко раководство на Руската Федерација јавно се обиде да ја оправда сопствената агресија врз Украина како средство за спречување и казнување на геноцид кој наводно се случува кај нас.

Оваа дрска манипулација нема реална основа, како што знае цел свет. Украина силно ги негира наводите на Русија за геноцид и негира каков било обид за користење манипулативни наводи како изговор за незаконска агресија.

Злосторството геноцид е дефинирано во Конвенцијата за геноцид, а според таа Конвенција, барањата на Русија се неосновани и апсурдни.

Русија мора веднаш да престане со својата незаконска агресија против Украина преземена поради овој неоснован изговор.

Лагата на Русија е уште понавредлива и иронична бидејќи се чини дека токму русија Русија планира акти на геноцид во Украина.

Русија намерно убива и нанесува сериозни повреда на припадници од украинска националност.

Овие дела мора да се гледаат заедно со реториката на претседателот Путин кој го негира постоењето на украинскиот народ, што укажува намерарата на Русија да убива, односно на нивната геноцидна намера“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Украина.

Next Post

Урната официјалната веб-страна на Кремљ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk