Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано утринава му се обрати на украинскиот народ и рече дека неговата земја ќе триумфира над руските сили.
Тој рече дека владините сили продолжиле да го контролираат Киев и „клучните точки во градот“. Тој рече дека украинските сили ќе победат и го критикуваше ширењето на дезинформации.
Во последниот дел од својот говор тој рече: „Ве молам запрете ги оние што лажат или се обидуваат да ве лажат. Мораме да ја запреме оваа војна. Можеме да живееме во мир заедно, како луѓе“.
Тој е убеден, додаде, дека украинските сили ќе ги победат руските.
– Ние ќе победиме. Слава на Украина. Успешно ги спречуваме непријателските напади. Знаеме како да ја одбраниме нашата земја и иднината на нашите деца. Киев и клучните области се контролирани од нашата армија. Окупаторите сакаа да постават своја марионета во нашиот главен град. Не успеаја. На нашите улици се водеше вистинска тепачка. Непријателот го употреби целото свое оружје, артилерија, падобрани… Тие удираат во станбени области, се обидуваат да ја уништат енергетската инфраструктура и сите треба да ни помогнат да ја запреме оваа окупација – рече тој.
Зеленски посочи дека по разговорите со лидерите на ЕУ во последните денови за мерките, вклучително и исклучувањето на Русија од платниот систем СВИФТ, тој верува дека Украина треба да стане дел од ЕУ и дека нејзините граѓани треба да ги имаат истите права.
Извор: Слободен печат