Сателитскиот систем Starlink на Илон Маск кој обезбедува пристап до интернет сега е активен во Украина.
Сателитски терминали се во Украина. Ова може да биде корисно доколку руските напади го дестабилизираат интернетот на Украина – јавува Киев Индепендет.
Илон Маск во саботата рече дека сателитската широкопојасна услуга Starlink на неговата компанија SpaceX била активирана во Украина, откако официјален Киев побарал од технолошкиот титан да ѝ обезбеди станици на неговата нападната земја.
„Услугата Starlink сега е активна во Украина“, напиша Маск на Твитер, додавајќи „повеќе терминали се на пат“.
Твитот дојде 10-тина часа откако украинскиот министер за дигитална трансформација Михаило Федоров го повика Маск да обезбеди услуги на Starlink за Украина, неколку дена откако беше нападната од соседна Русија.
„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс — Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената — руски ракети ги напаѓаат украинските цивили! Бараме од вас да и обезбедите на Украина пистап до Starlink“, напиша Федоров на Твитер на Маск.
Тој, исто така, го повика милијардерот „да им се обрати на разумните Руси да застанат“ против инвазијата на нивната влада.
Starlink service is now active in Ukraine. More terminals en route.
— Elon Musk (@elonmusk) February 26, 2022
В.К