Белорускиот претседател Александар Лукашенско и украинскиот колега Володомир Зеленски телефонски се договорија украинската делегација да се сретне со руската делегација на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, пренесува Министерството за одбрана на Украина.
„Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да се погрижи сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруска територија да останат на земја за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација назад“, пишува во објавата на Министерството за одбрана на Украина.
Информацијата ја потврди и министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба на прес-конференција којашто е во тек.
И. З.