Западен Балкан природно припаѓа на Европа. Ова ни покажува која е вредноста на стабилноста во Западен Балкан и европските перспективи. Украинскиот претседател во ситуацијата во која се наоаѓа а која е невозможна, подава рака барајќи членство. Тоа покажува колку е значајно членството и зошто е толку важно да се продолжи со перспективите за членство, изјави еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји од Лондон, на Инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на кој присуствува и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.
Вархеји нагласи дека е голем поборник за Западен Балкан.
„За мене овој настан доаѓа во вистнско време, веднаш после смирување на пандемијата од Ковид, се гледаме овде во европската банка со цел да ја унапредиме соработката. Како партнери, за минатите или идните инвестиции во рамките на инвестициите предводени од ЕУ од 2009, овие рамки сега за сега имаат вредност од 8,3 млд евра и тоа е повеќе од 1/3 од кои беа зацртени“. вели Вархеји.
Со спроведување на планот за инвестиции кој е започнат за Западен Балкан, еврокомесарот вели дека се покриваат сите области: околина, транспорт, микро, мали претпријатија и јасно е да се каже дека тие ќе останат суштински партнери во иднина.
„Важно е да ставиме до знаење дека во следните години околу 30 милијарди евра ќе бидат инвестирани во регионот и очекувам само со овој придонес дека ќе се зголеми приходот по глава на жител во регионот за 3,6%. Се надеваме дека тоа ќе ги ублажи шоковите на системите. Секако се обидуваме да ја зајакнеме регионалната соработка. Бидејќи без внатрешна соработка тие 3,6% не можат да бидат создадени и да ги доближиме до слободата на комуникација која ја имаме во слободниот пазар на ЕУ“, истакна Вархеји.
Еврокомесарот Вархеји издвои дека се планира големо поврзување на железниците, енергетскиот сектор, коридори за трансмија на енергија.
„ЕБОР води 10 од овие вкупно 21 проект и веќе почнуваме со вториот пакет. Сакаме да добиеме апликации за повеќе стратешки проекти кој што ќе обезбедуваат алтернативни извори на природен гас и да ги зголемеме инвестициите преку комбинирање на приватен и јавен капитал“, рече Вархеји.
Тој нагласи дека банката е клучен партнер со овие гаранции, особено кога се работи за поголеми инвестиции.
– Со одобрувањето на овој голем пакет сега е време да се забрза, јас секако се потпирам на сите премиери да обезбедат активност овие проекти од планот да бидат остварени, истакна Вархеј.
Вархеји вели дека ЕУ е посветена и ќе ја промени реалноста на теренот.
„Треба да работиме заедно да го постигнеме овој напредок. Сакаме да видиме овој регион да се приближи до ЕУ побрзо, да има поголем кредибилитет и сигурност во напредувањето кон овој процес“, истакна Вархеји.
Тој, вели дека сега е време да го забрзаме процесот на земјите кои веќе требаше да почнат се приклучуваат.
Живееме во времиња без преседан, потенцира еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји.





