ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Нема руски и украински банки кај нас – банкарскиот систем стабилен

March 1, 2022 19:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за весникот „Вечер“.

-Ние имаме фиксен курс на денарот, врзан за еврото. Оттаму од исклучителна важност за одржување на курсот се девизните резерви. Девизните резерви со кои располагаме се околу 3,4 милијарди евра, односно се на високо ниво и се во целост конзистентни со нашите очекувања. Ова ниво е повисоко во однос на нивото на девизни резерви кое го имавме пред пандемијата, а за споредба, во 2008 година, кога исто така ја одржавме стабилноста на денарот и покрај глобалната финансиска криза, нивото на девизни резреви беше два пати пониско. Во својот извештај од редовната мисија во нашата земја, ММФ јасно посочува дека курсот е целосно конзистентен, и со економските параметри и со проекциите и со политиките кои ги водиме, односно дека низ годините тој бил сидро на стабилноста на нашата економија, појаснува гувернерката.

Нагласува дека состојбите во банкарскиот систем се стабилни, а, како што вели, податоците покажуваат дека продолжува трендот на кумулативно зголемување на депозитите во домашните банки и во текот на февруари. Според неа, анализите на неделните промени на депозитите на домаќинства во просек упатуваат на поповолни движења во последната недела од февруари, заклучно со 27 февруари, во однос на претходната недела од месецот.

Гувернерката во интервјуто повикува на подигнување на општата свест, дека со ширење на лажни вести се нанесува штета на граѓаните.

-Особено во време на вакви глобални турбуленции, треба да видиме како сите заедно можеме да ја надминеме со минимум последици, а не да креираме штета таму каде што реално нема, истакнува Ангеловска-Бежоска.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ: Чекаме веќе 17 години, од клучна важност е што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk