ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Декларација за поддршка на територијалниот интегритет и воена помош за Украина

March 2, 2022 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците најавија Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина, каде државава, според  Министерството за одбрана, ќе испрати воена помош, но не и војници. И во текот на вчерашниот ден продолжија активностите за извлекување на нашите граѓани од Украина, како и подготовките за евентуален бран бегалци од таа држава. Во меѓувреме Министерството за надворешни работи објави дека го одложува испраќањето на новиот македонски амбасадор во Русија.

-Територијалниот интегритет на Украина секако дека го поддржуваме, а воената агресија што Русија ја врши најостро ја осудуваме. Тоа е кршење на основните човекови права, изјави вчера пратеничката од СДСМ Даниела Колева, пренесувајќи ја поддршката за иницијативата во Собранието да биде изгласана декларација за поддршка на територијалниот интегрититет на Украина.

Од вкупно 100 мапирани наши граѓани во Украина 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од останатите 50 не се сите наши државјани, а се очекуваше уште во вчерашниот ден поголем дел од нив да бидат евакуирани. Дваесетина се во Киев, а уште толку има во други градови низ Украина. Во текот на вчерашниот ден требаше да биде извлечено и едно семејство со петдневно бебе кое се наоѓа во Харков. На границата помеѓу Украина и Полска се и наши транспортери кои носат стока од Русија, а украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони. Сите наши граѓани од Одеса се извлечени.

– Продолжуваме со активностите. Околностите се менуваат континуирано на терен. Нашите очекувања се дека ќе се влошат околностите уште повеќе, меѓутоа мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најважен приоритет секој од нив да го извлечеме, меѓутоа безбедно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со медиумите.

Од МНР ги упатуваат нашите граѓани доколку најдат начин да стигнат до конзулатите на државите со кои имаме договор да ги преземаат како нивни граѓани. За евакуација на нашите граѓани досега договор има со Бугарија, Полска, Романија, Молдавија, со балтичките држави со кои надлежните имаат комуникација, а се комуницира за таа цел и со Турција.

Според информациите со кои располага МНР, повикот за напуштање на Украина пред започнување на воените конфликти го искористиле околу 20 граѓани, а од 24 февруари евакуирани се околу 30 граѓани низ безбедносни коридори коишто биле создадени во соработка со нашите партнери. Од тие 30, пак, како што информира Османи, 15-тина се набљудувачи во рамки на специјалната мониторинг мисија кои веќе се извлечени преку ОБСЕ.

Од МНР претходно апелираа сите граѓани на Северна Македонија што се наоѓаат во Русија да се вратат затоа што може да се случи наскоро да не можат да го сторат тоа, поради забраните за летови за оваа држава. Во Русија, информираше Османи, имаме многу наши граѓани, студенти, бизнисмени,…

– Таму не предвидуваме безбедносно нарушување, но тоа соопштение го пуштивме поради затворањето на воздушниот простор и со таа листа на земји што го затвораат воздушниот простор за руски компании се повеќе се ограничува можноста за комерцијални летови. И затоа ги предупредивме доколку немаат неодложни некои активности да се вратат во земјата бидејќи може да бидат во ситуација утре да не можат да најдат начин да се вратат овде, појасни Османи.

На новинарско прашање дали се очекува реципроцитет во однос на одложувањето на упатувањето на македонскиот амбасадор и дали планира да се сретне со рускиот амбасдор, Османи рече дека сите одлуки ќе се носат во координација.

– Доколку некој од МНР го сретне рускиот амбасадор ќе биде за демарш – осуда на оваа инвазија. Меѓутоа, ние донесовме одлука вчера да не го упатиме нашиот амбасадор кој требаше на 15 март да ги предаде писмата до претседателот на Руската Федерација и тоа да го одложиме поради нашиот став во оваа ситуација, рече Османи.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пак,  вели дека ќе нема одлука за испраќање наши војници во Украина и оти се подготвуваат капацитети за прием на евентуални бегалци

–Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки, изјави министерката Петровска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“.

Најавената воената помош за Укрина, додаде, е во воена опрема и вооружување согласно капацитетите со кои ние располагаме и е во согласност со барањата од украинската страна.

Се очекува Владата да излезе со подетална информација околу тоа кои капацитети би ги ставиле на располагање за евентуално сместување на бегалци. Министерствата веќе добиле задолженија да ги разгледаат капацитетите што се во нивна сопственост и на нивно располагање, колку се тие што се функционални и дали би можело да се стават на располагање.

–  Имаме предвид дека очекуваме при ваква воена агресија дека ќе има и огромен бран бегалци. Точната рута на движење на граѓаните кои бегаат од воените жаришта сега за сега не се движи кон нашата држава. Но, апсолутно како земја која е дел од НАТО и веќе деклариравме дека сме солидарни со случувањата, ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности, изјави  Петровска.

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз вчера, коментирајќи ја актуелната состојба со Укарина, посочи дека Северна Македонија е НАТО-сојузник и е силен партнер што држи чекор со ЕУ, одговорна членка на меѓународната заедница и, како што потенцираше, ни се придружи на САД и на другите во осудата на дејствијата што се одвиваат во Украина во моментов, бруталната руска агресија и активната војна во Украина.

-Осудата беше јасно и недвосмислено потенцирана, но исто така обезбедува и поддршка за украинскиот народ, како сите нас, со обезбедување на поддршка што им е неопходна во моментов. Но мора да се осигуриме дека во даден момент некој ќе сноси одговорност за постапките на Русија. Од друга страна Северна Македонија работи со нас во НАТО и билатерално, за одбрана на нашите интереси. Работиме во НАТО за да се осигуриме дека обврската по членот 5 е цврста и дека сме подготвени да се браниме од секакви понатамошни дејствија и дека сме подготвени како меѓународна заедница, да се соочиме со долгорочните последици од тоа што се случува. Повторно, ова е незаконско и неоправдано дејствие со умисла од страна на Русија против Украина, рече амбасадорката Брнз во телевизиско интервју.

Досега земјава се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ. /MИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕУ да не го остави Западен Балкан како отворено прашање, итно да се одблокира почетокот на преговори со Скопје и Тирана

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk