ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Колку чинат 600 милијарди евра?

March 2, 2022 09:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Кога дури и би се апстрахирале ирационалните образложенија и „аргументите“ на официјална Русија за инвазијата врз Украина, со кои се кршат сите суштествени определби на Повелбата на ООН, основачкиот акт на ОБСЕ, принципите на Советот на Европа и клучните меѓународни правни стандарди, останува една вчудовидувачка политика на Москва којашто и во овој трагичен момент за Украина и за цела Европа тешко може да се разбере.

Имено, прашањето е многу едноставно: зошто Русија никогаш барем во својата модерна историја не развивала политики, односи на респект кон своите поблиски и подалечни соседи и систем од вредности со кои ќе ги привлече различните народи на европскиот континент на своја страна, туку нивното „осојузување“ исклучиво го правела под принудата на своите тенкови? Како е можно десетици големи и мали народи во нејзиното окружување, во првиот момент кога за тоа за нив се создале погодни геополитички и други услови, едвај да дочекаат суверено да се отцепат, да се дистанцираат, да ги заборават, да се упатат во спротивна насока од социјалистичкиот и пост-социјалистичкиот режим во Москва? Како е можна таа огромна дискрепанца, Русија – која светската култура и наука ја има задолжено со непроценлив придонес – во својата политиката толку катастрофално и отсекогаш да потфрла и своето влијание во светот да мора да го проектира исклучиво потпрена врз својата конвенционална и нуклеарна воена моќ?

Сега и самиот Путин вели дека, во петнаесетгодишните подготовки за оваа конфронтација со Западот, меѓу другото, Русија „набилдала“ државни резерви од дури 600 милијарди евра! Замислете – наместо половина од нив неповратно да ги „слупа“ во катастрофалнава инвазија врз Украина – Русија да ги инвестирала тие пари во стандардот на своето општество и во различните сегменти, од здравството до образованието, на самите Руси, во модернизацијата и диверзификацијата на своето стопанство… Во таа сума на пари „лежат“ барем десетина Нобелови награди, милиони подобрени лични судбини на руските граѓани, неколку видови на врвни компјутери или мобилни телефони за масовна светска употреба, супер-брзи возови, стотици најмодерни болници и што ли уште не. Со таква имагинативна политика, Путин не би морал со години (и со тортура и ликвидации на своите опоненти) да мести избори за да остане на власт, а рускиот углед во светот сигурно не би се темелел само врз напредокот на нејзините оружја и длабочината на нејзините енергетски наоѓалишта.

Москва уште не разбра дека социјализмот („како светски процес“) и во Русија пропадна – меѓу другото – затоа што Русите мораа да возат лади и волги, додека Германците (најголемите губитници во Втората светска војна) произведуваа мерцедеси, аудија, фолксвагени, опели и бмв-а за масовно развезување. Уште пред 30 години им се смачи на Русите да живеат само од престижот на Бољшој театарот и од гордоста за убиствената прецизност на руските ракетни системи.

Имаа, додуша, и кавијар за извоз, ама дома го јадеа само оние што своите јахти и голф-стримови ги купуваа на Запад. Жените на нивните милијардери пазарат во лондонски Херодс, децата си ги школуваат на Оксфорд, Сорбона и Харвард (не на Ломоносов), летните вили им се на Азурниот брег, зимските шалеа во Шамони…

Затоа Путин и денеска не може да разбере дека 40 милиони Украинци (плус/минус некој милион) САМИТЕ се решени да ГИНАТ, за да се одбранат не само од неговата тенковска инвазија, туку од општествените и политичките вредности што се „натоварени“ во неговите воени транспортери. Тој зборува дека е тоа некаква „западна манипулација“, историски фелер, фалсификат од сувереност, дека зад тоа мора да стојат невладините организации финансирани од Запад, дека ЕУ ја лаже Украина дека во Западна Европа многу подобро се живее отколку во Русија… И дека сето тоа е резултат на ЦИА и НАТО, само за да ја поробат Русија.

А, всушност, големото мнозинство (меѓу нив и многу етнички Руси) од бившите советски држави НЕ САКААТ да се вратат под „капата“ на Москва (и многу повеќе го сакаат „гнилиот Запад“, ако милувате, и без наводници), освен ако баш не мораат, заради „квалитетот“ на аргументите со кои Путин ги убедува, како сега во Украина.

Па, не размислуваат 40+ милиони Украинци за геополитика и штапски карти – размислуваат за подобрата сопствена и иднината на своите деца!

Тажно е тоа недоразбирање на бројните московски владејачки врхушки со историјата. Таа „играчка“ сега ќе биде една голема плачка, за сите нив, нас и останатите.

 

Преземено од ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Алексеј Навални: Ако за да ја запреме војната треба да ги полниме затворите и вагоните со себе, ќе го сториме тоа!

НАЈНОВО

Фото: Pixabay

Ортопедски операции почнаа да се извршуваат во гостиварската болница

October 15, 2025

Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

October 15, 2025

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk