Трендовите на опаѓање во поддршката на нашето членство во ЕУ се директно поврзани со зголемувањето на поддршката за некои други алтернативни форми, за некои други регионални организации, рече претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во дневникот на Сител телевизија.
Зборуваме за предоминантен фактор, има и многу други, појасни тој, незадовлоство од тоа што владините политики го постигнаа, незадоволство од долгата транзиција, енергетска криза, пандемија две години внатре. Според него, слични трендови се забележуваат и на во сите држави од Западен Балкан.
– Мислам дека лавовски дел тука отпаѓа на блокадата од Бугарија односно нашата неможност да отвориме преговори со ЕУ. Не можам да видам што друго би било бидејќи до пред година, две – три, овие бројки беа дупло повисоки во корист на ЕУ, рече Пендаровски.
На новинарско прашање дали овие позиции државниот врв ги користи кога патува во Брисел и разговара со партнерите, дали им се посочува дека се менува ставот кај македонското општество, Пендаровски потенцира дека и во настапите на меѓународни конференции и во Брисел и во Минхен на безбедносната конференција, но и дома, посочува дека ако се трендовите такви долж Западиот Балканот, ниту една држава не се исклучува, не постои држава од 6-те на Западен Балкан, каде што трендовите за поддршка на ЕУ се зголемвуаат, напротив се намалуваат.
– Тоа е знак за аларм. Но, тие секојпат велат знаете кој е принципот на одлучување, мора да има целосен концензус за почнување на преговори….., појаснува Пендаровски.
За тоа дали препораката на Европскиот парламент, Украина да стане земја – кандидат за членство во ЕУ, може да помогне во забрзување на интеграцијата на нашаа земја во ЕУ, претседателот Пендаровски подвлече дека аргументите на државното раководство кога разговарат со странски партнери, пријатели, соговорници, е дека ова треба да биде дополнителен мотив да не земат предвид бидејќи е неспорно во изминатите години, најмалку една деценија Западниот Балкан е на маргините на евроинтеграцијата.
– Сега украинската криза, нападот врз таа независна суверена држава, членка на ОН, ни покажа дека тоа може и да се прошири. Ние не сме толку далеку од Украина во географска смисла. Ако се оди пошироко, има секакви шпекулации. Мало проширување на тие воени дејствија од страна на Руската Федрација може да го доведе во опасност и овој реион и нема да биде доволно само тоа што сме членка на НАТО. Би било добро да бидеме и членки на ЕУ затоа што во таков случај и економијата ќе биде посолидна и добра, изјави шефот на државата Пендаровски.
извор: МИА





