ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи за МИА: Блокадата во ЕУ на Северна Македонија и Албанија го прави ранлив регионот

March 4, 2022 17:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

По вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, министерот Бујар Османи за МИА се осврна на последиците за земјата и регионот и перспективите за Украина, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска и пред почетокот и за време на НАТО состанокот го привлече вниманието кон импликациите на руско-украинскиот конфликт за регионот на Западен Балкан и нагласи дека проширувањето на ЕУ е од безбедносна важност за континентот. Токму поради тоа, вели тој, преговорите со Северна Македонија и Албанија имаат огромно значење.

-Западниот Балкан е слаба точка на континентот, иако има веќе три земји членки на НАТО, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, ја менува динамиката во регионот, но сѐ уште има отворени прашања, тоа е Босна и Херцеговина, тоа е односот Косово-Србија. Имајќи предвид дополнителни две прашања, тоа е блокирањето на пристапниот процес за Албанија и Северна Македонија, некако го прави ранлив целиот регион, изјави за МИА Османи.

Тој во својот говор пред другите учесниците на министерскиот во НАТО денеска нагласи дека “политиката на проширување е пред сѐ безбедносна политика и во оваа ситуација треба да се даде приоритет за да веднаш се смени оваа динамика во регионот, односно да се почне со пристапните преговори со нас и со Албанија“

-Веднаш од четири прашања ќе се преполови на две, а тие две држави ќе почнат да придонесат за затворање на останатите прашања во регионот. Критично е да почне да се размислува процесот на проширување како важно безбедносно прашање и да се реагира веднаш, додава Османи за МИА.

Во овој безбедносен контекст се отвора и прашањето на признавањето на Косово, токму од пет држави членки и на ЕУ и НАТО, меѓу нив и земји кои се изложени на потенцијална руска агресија, како Романија. Косово пред неколку дена побара брз прием во Северноатлантската алијанса.

-Не можам да зборам во името на петте земји, но мислам дека исто така важно да се консолидира ставот на земјите членки на ЕУ по однос на Косово за да може и Косово да продолжи на својот пат на зачленување во Обединетите Нации, во НАТО, во ЕУ бидејќи на тој начин ќе се придонесе за стабилизација на целиот регион. Политиката на отворени врати на НАТО се покажа како суштинска во стабилизирањето на регионот, таа треба да продолжи и понатаму со останатите земји, рече министерот за надворешни.

Но, тој признава и дека сѐ додека има земји што не го признаваат Косово прашањето не може да се стави на маса затоа што НАТО ги носи одлуките со едногласност.

-Меѓутоа е важно да се превиди во наредниот период Косово да биде еднаков член на меѓународната заедница и да може да придонесува во натамошната стабилизација на регионот, вели Османи.

Состанокот на министрите на НАТО денеска имаше за цел да се евалуира состојбата во и околу Украина и воените состојби, како и мерките што треба дополнително да се преземаат во наредниот период. Шефот на македонската дипломатија ја поздрави едногласноста на членките на НАТО, но повтори дека Алијансата не е и нема да стане дел од конфликтот помеѓу Русија и Украина.

-НАТО не е страна во овој конфликт, Украина не е земја членка на НАТО. Принципите на функционирање на НАТО е дека е сојуз за колективна заштита на своите членки, што значи дека одговорноста е за заштита на територијата за своите членки, меѓутоа апсолутно се солидаризира со Украина. Прво сите го поздравија храбриот отпор што го дава украинскиот народ во заштита на својата држава. Но се разбира во делот на хуманитарна помош, на примањето на бегалци, во создавањето на коридори за евакуација на бегалци и други форми помош за украинскиот народ и држава, изјави министерот за МИА.

Едно од главните барања на Украина е воспоставување на таканаречени “но флај“ зони, односно заштита на украинското небо. За ова како и останатите земји од НАТО, Северна Македонија вели дека е неизводливо.

-Како што реков НАТО не е страна во овој конфликт. Се разбира дека земјите членки учествуваат во помош, во солидаризирање со украинскиот народ во различни форми, индивидуално како земји членки, и ЕУ како организација излезе во солидаризирање преку воена помош, хуманитарна помош, но не и НАТО како организација туку земјите членки сами одлучуваат каква форма на помош ќе дадат, објаснува министерот.

Директно учество на НАТО во овој конфликт би значело и директен судир меѓу Западот и Русија, што целосно се исклучува од страна на сојузничките, а НАТО преку генералниот секретар повтори денеска дека не сака конфликт со Русија.

Она на што сојузниците се фокусираат сега се хуманитарните последици и бегалската криза.

-Допрва ги утврдуваме капацитетите во однос на бројки. Веќе сме одлучиле кои би биле првите точки кај што би се сместувале. Министерството за здравство има формирано група како ќе се третираат доколку има ранети, колку треба згрижување, сите институции, МВР ги има утврдено чекорите по однос на начинот на прием, нивниот транспорт итн. Но допрва ќе можеме да утврдиме во бројки кој би бил тој капацитет, но секако ние нема да одбиеме луѓе коишто ќе дојдат на нашата граница, ќе бараат згрижување, вели Османи на прашање за подготвеноста на Северна Македонија да ги прими украинските бегалци.

По вознемирувачките извештаи дека на одредени гранични премини се спречуваат бегалци со африканско потекло да избегаат, Османи уверува дека Северна Македонија, ниту другите земји, нема да дискриминираат.

-Мислам дека тие извештаи коишто веројатно се точни меѓутоа не се државни политики на Украина ги демантираше министерот за надворешни работи на Украина. Мислам дека ниедна држава нема да прави разлика во однос на хуманитарниот пристап кон бегалците во зависност на нивната етничка или било која друга припадност. Се разбира дека нивниот статус се одредува според нашите закони, дали е тоа привремено сместување, дали е тоа право на азил, сето тоа се регулира во конкретни планови, важно е во оваа ситуација прво да прекинат борбените активности да нема понатаму бран на бегалци и жртви, а тие доколку има и се утврдат безбедносни коридори се разбира дека секоја држава нема да седи мирно во односот кон нив, изјави министерот за МИА.

Next Post

Пензискиот систем е стабилен и одржлив е заклучокот од седницата на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk