ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор е во добра кондиција, адекватноста на капиталот е меѓу највисоките во изминатата декада

March 5, 2022 10:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Банкарскиот сектор според последните расположливи податоци има капацитет за справување со евентуални шокови и за обезбедување солидна кредитна поддршка за закрепнувањето на економијата. Адекватноста на капиталот забележува една од највисоките стапки што сме ги имале последните десетина година, банките се ликвидни, а нефункционалните кредити на ниско ниво, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Во интервју за МТВ, гувернерката Ангеловска-Бежоска рече дека капацитетот на банкарскиот систем јакне и во овие неизвесни времиња и додаде дека директната изложеност на банките кон руската и украинската економија е минимална, а руски и украински банки нема кај нас.

-Адекватноста на капиталот изнесува 17,3 проценти, што претставува повисоко ниво во однос на преткризното ниво и е една од највисоките стапки што сме ги имале, воопшто, во последните десетина години. Ликвидноста, исто така, е на солидно ниво, всушност кај нас банкарскиот систем традиционално се одликува со високо ниво на ликвидност. Нефункционалните кредити воопшто не пораснаа во текот на овој кризен период. Напротив, тие постепено, умерено се намалуваа и сега изнесуваат околу 3,3 отсто во вкупните кредити, истакна Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката нагласи дека и натаму има тренд на раст на депозитите. Според податоците во јануари, нивниот раст е 7,4 проценти. Растат депозитите и на корпоративниот, и на секторот домаќинства, со тоа што малку е повисок растот кај претпријатијата. Во февруари, согласно со првичните податоци со коишто располага Народната банка, и натаму се бележат стабилни трендови.

Ангеловска-Бежоска порача дека нема и дека не треба ниту да има позначителни придвижувања кај депозитите во нашиот банкарски сектор поради случувањата во Украина, бидејќи нема причина за тоа.

-Директната изложеност на нашиот банкарски сектор кон Русија и Украина е многу ниска, а руски и украински банки кај нас нема, за разлика од состојбите во соседството, рече таа.

Посочи и дека банкарскиот систем, за цело времетраење на кризниот пандемичен период, обезбедува солидна поддршка за економијата, а кредитниот раст воопшто не забави, како што случувало во претходни епизоди.

-Кредитниот раст умерено забрза. Факт е дека кредитната поддршка на почетокот беше повеќе насочена кон населението, а помалку кон корпоративниот сектор, меѓутоа од втората половина на минатата година се гледаат поповолни поместувања, поточно поголема поддршка на корпоративниот сектор. Податоците од почетокот на оваа година покажуваат дека овие трендови продолжуваат, посочи гувернерката.

извор: МИА

Next Post

МФ: Ја подобруваме енергетската ефикасност во здравствените објекти и објекти под надлежност на општините

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk