ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

По 1.000 денари за пензионерите во април, мај и јуни

March 5, 2022 09:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни и промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите, договорија Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите. Од Владата велат дека со новата методологија ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт. Пензионерите се задоволни со решението, бидејќи со него, како што велат, се утврдува дека пензиите се економска, а не социјална категорија.

Финансиската поддршка за пензионерите, како што појасни синоќа по средбата премиерот Димитар Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од КОВИД-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

-Заради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина, се договоривме Владата да исплати финансиска помош на сите пензионери од по 1.000 денари за три месеци – април, мај и јуни, што треба да помогне во зголемувањето на буџетот на пензионерите, истакна премиерот.

Тој истакна дека на средбата се договориле да го прифатат предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

-Со воведувањето на оваа методологија и со зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 година имаме историски најголемо покачување на пензиите. Со ова потврдуваме и исполнуваме уште едно од ветувањата дадени на денот кога ја избиравме Владата, а тоа е дека грижата за пензионерите ќе биде нејзин врвен приоритет, истакна Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.


-Средствата предвидени за ова намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но, со оглед на тоа дека ова усогласување е исто така во делот на втората половина од годината, дополнително ќе може да се реализира и со ребалансот на буџетот, кој ќе биде во текот на годината, како и секоја година. Исто така и за еднократната помош ќе може да се реализира уште сега како што беше најавено од страна на премиерот, рече Бесими.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова нагласи дека се задоволни со постигнатото решение, бидејќи како што нагласи, тоа ќе доведе до долгорочно системско решение кое непосредно ќе се применува и нема да зависи од никаков акт на Влада, туку едноставно ќе обезбеди правна сигурност на корисниците на пензија, бидејќи фондот ќе може да ги усогласи пензиите врз основа на податоците што ќе ги добие од Државниот завод за статистика.

Претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски по средбата истакна дека прв пат во историјата Владата посветила толку големо внимание на пензионерите.

-Со промена на оваа методологија е запазен принципот дека се пензиите се економска, а не социјална категорија и овој принцип на усогласување на пензиите е еден од најповолните принципи во Европа, па и во светот, истакна Николовски.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

Во моментов, според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија од јануари 2022, во земјава има вкупно 326.841 корисник на пензија. Од нив старосна пензија добиваат 220.831 корисник, семејна пензија 75.249 корисници, инвалидска пензија 29.736 корисници, воена 952 и земјоделска пензија 37 лица.

Според податоците од Фондот, највисока пензија во моментов изнесува 59.674 денари, а најниската пензија е 10.791 денари. Најголем број 20.809 корисници на пензија земаат од 20.000 до 22.000 денари.

извор: МИА

Next Post

Храна, гориво и енергенси има доволно, инспекторите проверуваат дали има трговски злоупотеби

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk