ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Ефектите врз домашното стопанство во голема мера ќе зависат од европската економија

March 6, 2022 11:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Засега не се очекува рецесија во Европската Унија. Европската централна банка, и покрај новонастаната ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот. Сепак, ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и времетраењето на кризата, посочува во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

– Ние сме отворена економија со многу силни врски со европската. Европската економија е наш најзначаен трговски партнер, каде извезуваме 77 отсто од вкупниот извоз. Европската централна банка излезе со три прелиминарни сценарија, во зависност од развојот на тековните случувања во Украина. Сепак, би потенцирала дека оваа состојба е навистина неизвесна и тешко е било која централна банка да ги прави проекциите тековно, токму поради голема неизвесност, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката вели дека засега се зборува за три канали преку кои руско-украинската војна би можела да ја погоди европската економија.

Првиот канал е потрошувачката, поради нагорните придвижувања на цените на примарните производи – енергенсите и храната. Повисоката инфлација ќе значи понизок реален расположив доход на домаќинствата кој би се одразил врз приватната потрошувачка. Сепак, според некои аналитичари овој ефект може да се ублажи преку акумулираното штедење во пандемискиот период, посочува Ангеловска-Бежоска.

Вториот канал преку кој руско-украинскиот конфликт може да влијае на европската економија е преку инвестициите. Во услови на висока неизвесност, по правило има поголема воздржаност на инвеститорите. Од друга страна се смета дека овој ефект би можел да биде ублажен со поголеми инвестиции во енергетскиот сектор, поради намалување на изложеноста кон руската економија – инвестиции кои би значеле зголемување на енергетската ефикасност и вложување во обновливи извори на енергија.

Третиот канал на влијание на тековната криза врз европската економија е трговскиот, посочува Ангеловска-Бежоска. Сепак, трговската поврзаност на европската со руската економија низ годините е значајно намалена, особено по анектирањето на Крим во 2014 година. Тековно, извозот на ЕУ кон Русија учествува со само 3 проценти.

Нашата економија нема директна изложеност кон руската и украинската економија. Сепак, постојат ризици преку нашата поврзаност со европската економија.

извор: МИА

Next Post

Пунктови за хуманитарна помош на Украина на плоштад Македонија и во Ѓорче Петров, што е најпотребно?

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk