Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1, 2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за промет на енергенси од 18 на 10 процнети, што ќе доведе до поевтина цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10 денари пониска цена за дизелот, 11 денари бензинот, изјави Ковачевски на денешната прес-конференција.
„Ние се снабдуваме со нафта и нафтени деривати преку грчките пристаништа и нема никаков застој во тоа снабдување. Најважно од се е дека во моментот Северна Македонија непречено се снабдува со нафта и нафтени деривати, одговорија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, на прес-конференцијата на новинарско прашање дали Владата има одговор како се дозволи да снема нафта еден ден“, рече Ковачевски и потенцираше дека нема застој во снабдувањето со нафта и нафтени деривати од грчките пристаништа.
е продолжува и субвенционирањето на цената на електричната енергија за регулираниот пазар за домаќинствата и за малите потрошувачи до јуни годинава, се субвенционира цената на топлинска енергија, а се препорачува цените на горивата да се менуваат на дневна основа додека трае енергетската криза. Дел од мерките е и пролонгирањето на еколошката такса за енергенсите. Се намалува и стапката на ДДВ на 10 проценти за дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и акцизата врз основа на берзанските цени. Ќе има и ослободување од плаќање на ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување.
Владата препорачува и штедење и рационално користење на електричната енергија и енергенсите, а дополнително задолжени се државните и јавните институции да предложат сет мерки за рационализација на трошоците по овие основи.
„Сакам да упатам апел никој да не се обидува да профитира на грбот на граѓаните. Владата го ублажува покачувањето на цените, но мора сите да се однесуваме одговорно“, рече Ковачевски.
Дел од мерките за кои треба законски измени ќе важат веднаш штом бидат изгласани во Собранието. Ковачевски апелираше сите пратеници да се однесуваат одговорно и да дадат поддршка за овие законски измени.