ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Корниенко: Путиновата Русија во Украина убива луѓе кои се бранат од неговата диктатура

March 10, 2022 13:26
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Секој ден, секоја минута умираат луѓе во Украина. И тие умираат за да го запрат нападот на диктатурата, авторитарниот режим и апсолутното зло што денес e Путинова Русија, истакнува во денешното обраќање Олександр Корниенко, прв Заменик-претседател на Врховната Рада на Украина.

Обраќањето на Корниенко Ви го пренесуваме интегрално:

„Ги поздравувам моите европски колеги, парламентарци, шефови на европски парламенти!

Јас сум Олександр Корниенко, Прв Заменик-претседател на Врховната Рада на Украина.

На 28 февруари, четвртиот ден од руската инвазија, Претседателот на Украина Володимир Зеленски го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија. Украина се обрати до Европската унија со молба да се започне скратена процедура за пристапување.

За нас ова е историски настан кој симболизира враќање во нашиот заеднички европски дом.

Но, овој настан е извонреден и за Европа. Не секој ден има шанса да влезе во Европската Унија, земја која реално покажува како се бориме за демократија, слобода, избор и другите европски вредности.

Секој ден, секоја минута умираат луѓе во Украина. И тие умираат за да го запрат нападот на диктатурата, авторитарниот режим и апсолутното зло што денес e Путинова Русија.

Украинците постојано докажуваа дека ние сме вистински, составен дел од европскиот дом. Во собраниската сала, на Мајданите, во првите редови на борбата, како и сега, за време на реформите – секогаш сме гледале кон Европа и ги усогласувавме нашите часовници со европските.

Плативме превисока цена за тоа. И ние продолжуваме да ја плаќаме секој ден. Милиони бегалци. Стотици илјади граѓани без живеалиште. Илјадници починати. Милијарди долари загуби во цивилната инфраструктура. Што друго недостасува за некој да разбере дека плаќаме таква цена, по што не може да се каже дека Украина треба да има некои дополнителни услови, дополнителни шанси и уште треба да се размисли дали да се прифати нашата земја. Ние дефинитивно сме дел од Европската Унија, тоа де факто го докажавме. И ве замолуваме, почитувани колеги, де јуре да го забрзате ова.

Украина направи се што е возможно и невозможно за што поскоро да влезе во ЕУ. Сега топката е кај вас, почитувани европски колеги.

Прифаќањето по скратена постапка е храбра одлука, но не и без преседан. Во историјата на Европската Унија, имаше случај со Источна Германија, над која не летаа со бомбардери и во која луѓе не гинеа. Но, ова прифаќање по скратена постапка се случи.

Да, ова е тешка одлука. Претстои многу работа за продолжување на синхронизацијата на законодавството и за спроведување на оние реформи што немавме време да ги спроведеме во мирнодопски услови, но кои се одамна развиени, спроектирани во Кабинетот на Министри, во Врховната Рада. Гледате дека Украина брзо може да го надомести секој заостаток на примерот на нашата славна армија, која за кратко време стана една од најмоќните армии во светот и се докажува во битките со побројната армија на Руската Федерација.

Сè што и треба на Европа денес, се што очекуваме од вас, почитувани колеги парламентарци, е политичка волја. Волја да ја покажете својата субјективност, без разлика на бирократските процедури, влијанието на земјата агресор, која денес ја напаѓа Украина, а утре, бидете сигурни, ќе почне да ги подава своите коскени раце кон Европа. И добро е што европските политичари сега многу добро го разбираат ова. Сè што и треба на Европа денес е да направи храбар чекор отворајќи ни ги вратите за кои отсекогаш сме слушале дека се отворени, но „Украина сè уште треба да направи нешто“. Ни се чини дека направивме се што можевме. Денес сме на вратата. И чекаме покана да се придружиме на семејството на европските народи. Украина е Европа. Ајде заедно да го изградиме нашиот заеднички безбеден европски дом. Слава на Украина!“

Next Post
МИА

Каталин Новак избрана за претседателка на Унгарија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk