пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Имено, заради анти ЕУ и анти НАТО убедувањата, всушност, заради анти Западните аспирации, демократските мкд „миротворци“, агресијата на Русија врз Украина безочно и секојдневно ја бранат со сите можни примери за слични агресии на Западот врз големиот број држави на листата каде овие со своите воени дејствија предизвикале невини човечки жртви, милиони бегалци, страдања на наедолжно население од посочените, и во лепеза ги редат, Србија, Сирија, Либија, Ирак, Виетнам, Авганситан и други. Главното оружје со кое ја бранат агресијата на Путин врз Украина, им е истото со кое го напаѓаат Западот. Глупо? Не. Поглупо здравје…
Се потсетив на Парламентарните контрареплики на мнозинството во времето на бегалецот во Унгарија, кога, главното оправдување за криминалот што овие го прават, им беше напишаната реченица од штабквартирата на арамилукот, „Па и вие така правевте!“, демек, што сега напаѓате и се чудите, го правиме истото што го правевте и вие. Која одбрана, кој маестрален идиотизам. Глупо? Не. Поглупо здравје…
Ми доаѓа да опцујам сочно, ама се воздржувам. Ова не е за „узми уби па ме пушку“, туку, за „зини земјо…“
Гинењето на дечиња, плачот на мајките на двете завојувани страни, милиони луѓе во неизвесна бегалска иднина на патот до мирот и спокојот без гаранција за преживување, иста ко онаа на бегалските деца и мајки од Егејска Македонија, од Сирија, Ирак, Авганистан, да се користат во оваа најнова агресија на Русија врз независна Држава како одбрана за истиот злостор, со образложение, демек тие ја ослободувале истата од Нацистите, дека тие се ослободители не агресори, е со дупло поголемо количество глупоќа од онаа со која се оправдувале сите претходни агресори низ историјата, кои, како контрааргументи секојдневно ги посочуваат подржувачите на руската агресија, со мантрата „И тие така правеа!“, и прашањето: „Се сеќавате ли на Сирија, Србија, Ирак?“ Глупо? Не. Поглупо здравје…
Не се овие егзамплари поразлични од кој било минат, сегашен и иден потенцијален агресор, тиранин, освојувач преку крв и песок. Да се брани одземањето невини животи, со други примери на одземени невини животи, на океани пролеани солзи и хектари гробови, со мориња од незнаени почивалишта, на деца мајки и татковци, од ваквите прави исти насилници. Злопамтила кои немаат никаква друга идеја во себе, освен желба за одмазда, па сегашниот агресор Путин го прогласуваат за мировник. Абе ај. Не сте вие поразлични од оние кои ги компарирате од далечното и блиско минато, и од овие кои сега се обидувате да ги одбраните. Глупо? Не. Поглупава одбрана здравје…