ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЈО: Покрената истрага против две лица осомничени за трговија со дете

March 11, 2022 15:43
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот. Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја конзумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото.

Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО.

Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години.​ /MИА/.

Next Post
theguardian.com

Врховната Рада со апел до Белорусите - Никогаш не сте биле окупатори и убијци, не станувајте сега заради Кремљ!

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk