ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Фрчковски не е кривично осуден за ниту едно дело

March 11, 2022 21:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Професорот Љубомир Фрчкоски, кој неодамна со указ на претседателот Стево Пендаровски, е назначен за амбасадор на земјава во ООН во Њујорк, не е осуден за никакво кривично дело, известуваат од МИА.

Ова го истакна претседателот Пендаровски во вечерашното интервју во ТВ Телма, посочувајќи дека во казнената евиденција на МВР има „едно шест-седум пријави минимум“ за Фрчкоски за тендери, коњи, „рејбани“, меѓутоа ниту една од нив не дојдена до обвинителен акт, а не па до пресуда.

– Фрчкоски само еднаш е осуден, мислам 2008 година, за клевета на тогашниот премиер Никола Груевски, за објавен текст-колумна во тогашен „Дневник“. Јас не мислам дека за тоа што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната. За обвинувањата од пријавен карактер има полициски записник, има пријава во полициска станица, земена е изјава од тогашната сопруга, земена е изјава од Фрчкоски и полицијата ги упатува да го решат спорот на Суд. Во казнената евиденција на Судот кој ја консултираа од МНР и од мојот Кабинет, нема кривична пријава по тој повод, изјави претседателот Пендаровски.

Тој воедно ја објасни и целата процедура за именување на амбасадори надвор од државата, односно предлозите на Владата.

– Според меѓународната пракса околу 90 дена се чека согласност од државата каде што сакате да го праќате. По 90 дена многу ретко доаѓа негативен одговор, обично Ви текнува дека не е тој човек за кандидат. Во март Владата ми го предлага Фрчковски за амбасадор. Неполн месец дена после тоа, не после два-три-пет дена, па да речат овие не го сакаат, добивам нов предлог од тогашната Влада за Њујорк, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи дека во законот постојат неколку услови кој ве оневозможуваат да бидете на амбасадорска позиција, како што е двојното државјанство, ако сте осуден за некое дело на подолго од шест месеци и ако сте осуден за кривично дело кое ве прави недостоен за таа работа – функција.

Next Post

Сали се сретна со амбасадорите на Шпанија и на Франција, Лозана Гарсија и Бомгартнер

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk