Да не го именувам… Мој ФБ пријател… Ако сака, нека се јави самиот…Тоа што сме биле против војната во Украина го смета за ЕДНОУМИЕ… И се фали дека мисли различно од нас… Што јас го сметам за БЕЗУМИЕ…, пишува Ацо Лукароски на Фејсбук.
„Читав неодамна во Euronews дека 46% од Македонците верувале дека вирусот се прска во воздухот со помош на авиони… 29% Македонци не верувале во климатските промени… 44% Македонци верувале дека Министерството за здравство намерно објавувале поголеми бројки болни затоа што НЕКОЈ им давал пари за секој болен… И дури 72% верувале дека неколку поединци/семејства го контролираат целиот свет!? И после вакви бројки, воопшто не ме чуди кога читам дека има Македонци што навиваат за монструмот Путин и што се радуваат на секој негов вооружен напад… Ужас!!!“, напиша Лукароски.





