ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Нема потврда дека Путин боледува од рак на дебелото црево

March 14, 2022 08:50
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Нема официјална потврда, од било која држава, за состојбата на здравјето на Путин. Кремљ не го коментира здравјето на рускиот претседател и не одговори на овие најнови тврдења, кои се појавија по избувнувањето на конфликтот. Во случајов, како извор на информациите се користат разузнавачки извештаи на Пентагон, без никакви конкретни докази, анализира Вистиномер.

Во објавата на Фејсбук се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин бил болен од рак на дебелото црево, иако нема никакви докази и официјални потврди за тоа.

Постот се повикува на текст на британскиот таблоид „Дејли стар“, кој како извор на информациите користи разузнавачки извештаи на Пентагон.

Tаблоидното новинарство става акцент на теми како што се сензационални крими-приказни, астрологија, озборувања за познати личности, шпекулации, па оттаму не е референца за сериозните медиуми, бидејќи често знае да се повика на непотврдени извори. Таблоидните приказни не можат да се земат „здраво за готово“.

Се верува дека неговото потечено лице е знак дека зема лекови за хемотерапија, или стероиди. Неговиот израз без насмевка покажува дека има постојани болки, пишува „Дејли стар“.

Според весникот, поранешен офицер на военото разузнавање, кој сега работи во Пентагон, изјавил дека аналитичарите го проучувале Путин (69) и веруваат оти е тешко болен.

Во минатото го имаме видено како се насмевнува, но во оваа 2022 година има малку фотографии, на кои тој изгледа среќен. Неговиот поглед сугерира дека тој има болка. Луѓето укажуваат дека неговиот лут поглед најверојатно е последица на неговото страдање. Луѓето се уверени дека тој е болен – тој е загрижен поради ковидот и затоа го држи својот персонал на дистанца, се цитира дека рекол споменатиот извор.

Инвазијата врз Украина рускиот претседател Владимир Путин ја започна на 24 февруари годинава. Оттогаш тој е во центарот на вниманието на сите светски медиуми, па некои од нив сугерираат дека здравјето на рускиот претседател е нарушено.

Од каде доаѓаат овие гласини и дали се потврдени?

Тврдењето дека Путин боледува од рак и дека неговата состојба ја поттикнала инвазијата на Украина, го изнесе висок адмирал на Кралската морнарица.

Зборувајќи пред децата во Grammar School во Портсмут на 4 март годинава, поранешниот ученик и ветеран од Фолкланд, контраадмиралот Крис Пари, осврнувајќи се на далечината и должината на масите на кои Путин ги спроведува официјалните разговори, рече:

Путин ги користи овие многу долги маси за да ги интервјуира луѓето (долгата маса можеше да се види на средбата помеѓу Путин и Макрон како и на средбата на Путин со Алијев). Мислам дека неговиот имунолошки систем може да биде потиснат во моментот. Оттаму, тој е човек на кој му се брза. 

Нема официјална потврда, од било која држава, за состојбата на здравјето на Путин.

Кремљ не го коментира здравјето на рускиот претседател и не одговори на овие најнови тврдења кои се појавија по избувнувањето на конфликтот.

Кремљ претходно ги отфрли тврдењата на весникот „Сан“ дека Путин боледува од Паркинсонова болест како „апсолутна глупост“.

„Сан“ го цитираше професорот Валери Соловеј, руски политички експерт, кој на московската радио станица сугерираше дека Путин бил под притисок од неговата придружба да се повлече, поради стравувањата за неговото здравје.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека медиумскиот извештај заснован на тврдењата на Соловеј, кој беше нашироко користен од другите британски таблоидни весници, е лажен.

„Тоа е апсолутна глупост“, рече Песков.

„Сè е во ред со претседателот“.

Запрашан дали Путин планира да се повлече во блиска иднина како што предложи Соловеј, Песков кратко одговор: „Не“.

Според ова, можеме да заклучиме дека нема никаква официјална потврда дека здравствената состојба на рускиот претседател е влошена, односно дека тој боледува од рак на дебелото црево.

Вестите, кои ги објавуваат таблоидните списанија, обично се озборувања и написи засновани на непотврдени извори и тие не претставуваат сериозни новинарски производи. На објавата што ја анализираме ѝ недостига контекст, бидејќи нема никаква официјална потврда за тврдењата изнесени во „Дејли стар“, а тие се, сепак, пласирани како вистина.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk