ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Тодор Петров спинува за постоењето на лаборатории за биолошко оружје во Украина

March 14, 2022 15:21
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Објавата на СМК и Тодор Петров дека САД поседуваат биолабаратории во Украина, којашто стана многу вирална и популарна на социјалните мрежи, особено на оние канали каде што секојдневно се споделуваат дезинформации и шпекулации поврзани со руската инвазија на Украина, е класичен спин во обид  да се одбрани рускиот терор во Украина. Оваа конспирациска теорија ја шират руските пропагандисти уште од 2018 година. Ваквите објави намерно погрешно го толкуваат Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, чија цел е да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат. Спротивно од тоа што се тврди, според овој Договор, украинската и американската влада се согласиле да соработуваат за „да го спречат ширењето на опасни патогени и да ги минимизираат потенцијалните биолошки закани“, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров во објава на Фејсбук пренесува  соопштение  од СМК во коешто се препознава спин заснован на неточни информации.

Спин: Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува Американската воено-биолошка програма во Украина и во светот!

СМК бара Русија да ги презентира информациите за биолошките лаборатории кои работат со опасни патогени во Украина финансирани од САД и очекува почеток на механизмот за консултации заради верификација, според меѓународната Конвенција за забрана на биолошко и токсично оружје од 1972 година.

Загрижуваат информациите дека Украина испраќала серум од пациенти во САД, оние кои припаѓале на етнички Руси, проект спроведуван од американските вооружени сили.

Министерството за одбрана на САД контролира 336 биолошки лаборатории во 30 земји во светот под алиби “соработка за намалување на ризиците за биосигурност“ и “зајакнување на глобалното јавно здравје“.

[Извор: Соопштение на СМК – Фејсбук профил на Тодор Петров; датум:10.03.2022]

Контраспин: Тврдењето на Светскиот македонски конгрес и Тодор Петров дека САД поседуваат биолабаратории во Украина е една од најрашнирените дезинформации кои се пласираат во последните неколку години, а сега забрзано се реактуелизираат по руската инвазија на Украина. Оваа конспирациска теорија  ја шират руските пропагандисти уште од 2018 година.

Ваквите објави намерно погрешно го толкуваат Договорот меѓу САД и Украина од 2005 година, чија цел е да се спречат биолошките закани, а не да се создаваат. Според Службата за безбедност на Украина, лабораториите се во сопственост и финансирани од украинската влада.

Според Договорот од август 2005 година, украинската и американската влада се согласиле да соработуваат за „да го спречат ширењето на опасни патогени и поврзаната експертиза и да ги минимизираат потенцијалните биолошки закани“.

Поради огромниот проток на дезинформации поврзани на оваа тема, со соопштение пред неколку дена повторно излезе Белата куќа во коешто се вели дека Кремљ намерно шири отворени лаги дека САД и Украина спроведуваат активности со хемиско и биолошко оружје во Украина. Ова соопштение го пренесе и амбасадата на САД во Северна Македонија.

Видовме и претставници на НР Кина како ги повторуваат овие теории на заговор. Оваа руска дезинформација е тотална глупост и не е прв пат Русија да измислува вакви лажни тврдења против друга земја. Русија измислува лажни изговори во обид да ги оправда сопствените ужасни акции во Украина. Соединетите Држави не поседуваат ниту раководат со никакви хемиски или биолошки лаборатории во Украина, целосно ги почитуваат своите обврски според Конвенцијата за хемиско оружје и Конвенцијата за биолошко оружје и никаде не развиваат или поседуваат такво оружје. Русија е таа која има активни програми за хемиско и биолошко оружје и ја прекршува Конвенцијата за хемиско оружје и Конвенцијата за биолошко оружје, се вели во соопштението од Стејт Департментот.

КОНСПИРАЦИСКА ТЕОРИЈА НА РУСКИТЕ ПРОПАГАНДИСТИ

Конспирацијата дека САД водат тајни биолаборатории во Украина руските пропагандисти ја шират веќе четири години –  уште од 2018 година.

Во мај 2020 година, Службата за безбедност на Украина објави соопштение во кое ги повикува политичарите да престанат да шират лажни информации за постоење на странски воени биолошки лаборатории во Украина.

Неодамна, „лажните вести“ за наводните активности на американските воени биолошки лаборатории во Украина се шират во медиумите и социјалните мрежи… Ниту една странска биолошка лабораторија не работи во Украина. Неодамнешните изјави на поединечни политичари не се точни и се намерно искривување на фактите, се вели во соопштението.

Американската амбасада во Украина преку соопштение во април 2020 година, овие теории ги нарече „дезинформации што се шират во некои кругови во Украина што ги отсликуваат руските дезинформации во врска со силното американско-украинско партнерство за намалување на биолошките закани“.

Истражувачот за биолошко оружје и професорка на Кингс Колеџот во Лондон, Филипа Ленцос, за „Франспрес“ рече дека нема индикации дека овие лаборатории во Украина се користат за да се развие биолошко оружје, туку нивната цел е да превенираат ширење на заразни болести.

На 6 март Министерството за одбрана на Русија тврдеше дека добило докази за тоа дека Украина и САД соработувале да развијат биолошко оружје. Во мноштво руски медиуми оваа информација одекна со брзина на светлината, а беше пренесена и кај нас.

Имајќи го предвид сето оава, соопштението од СМК и од Тодор Петров, коешто стана многу вирално и популарно на социјалните мрежи, особено на оние канали каде што секојдневно се споделуваат дезинформации и шпекулации поврзани со руската инвазија на Украина, го оценуваме како класичен спин во обид  да се одбрани рускиот терор во Украина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

July 18, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски на бизнис форум во Лондон: Британските компании да ги истражат можностите кои ги нудат македонскиот пазар и економија

July 18, 2025

Најмалку 33 лица загинаа во удари од гром во североисточна Индија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk