ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон ќе разговара со Путин и ќе понуди заштита за руската новинарка Овсјаникова

March 15, 2022 15:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и ќе понуди заштита за руската новинарка Марина Овсјаникова која се соочува со долгогодишна затворска казна, откако вчера среде програма на руската државна телевизија се појави во живо со антивоени пораки, пренесува МИА.

– Ќе почнеме дипломатски напори со цел да и понудиме заштита – или во амбасадата, но и заштита преку азил. Ќе имам шанса на некој од моите следни разговори со претседателот Путин да го предложам ова решение на многу директен и конкретен начин, истакна Макрон.

Франц ускиот претседател изрази желба „колку е можно побрзо да знам за нејзината лична ситуација и нејзината способност да продолжи со својата работа“.

Овсјаникова среде програма во живо на руската државна телевизија се појави со транспарент со антивоени пораки и побара од руските граѓани да не и веруваат на режимската пропаганда на Кремљ. На транспарентот на Овсјаникова пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“, таа исто така и извика „Не за војната, сопрете ја војната“, а потоа програмата беше прекината.

Според Европската Комисија новинарката е уапсена, а нејзините адвокати не можат да стапат во контакт со неа.

– Овсјаникова зазеде храбра морална позиција и се спротивстави на лагите и пропагандата во живо на медиум контролиран од државата и чиј директор е главен пропагандист. Марина е уапсена, таа исчезна, а нејзините адвокати немаат дозвола да стапат во контакт со неа, изјави попладнево портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Претходно, руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова. Според неодамна усвоениот закон на Русија, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.

Next Post

Парламентот на Украина ја продолжи воената состојба до 25 април

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk