ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Санкции за секој што нема да ја почитува одлуката за рационализација на трошоците во јавниот сектор

March 16, 2022 12:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Со вчерашната владина одлука секоја набавка на мебел или на возила во државните институции, мора да биде одобрена од Владата и тоа ќе биде направено само во случај доколку е неопходно, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека во однос на мебелот и на возилата кога се правел Буџетот за 2022 година тековните трошоци се намалени за осум проценти, мебелот бил предвиден само за опремување на касарните и на училиштата таму каде што е потребно, а возила биле предвидени за инспекциските служби и за доминантната бројка и други институции каде што се неопходни.

Во однос на другите трошоци, а тоа се тековните трошоци за стоки и услуги, што се ограничени со процент на намалување, како и трошоците за репрезентација што се ограничени со 50 процентно намалување, премиерот Ковачевски истакна дека контролата ја врши Министерството за финансии, бидејќи за сите институции има увид на дневна основа за нивното работење и трошоците.

Јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, истакна премиерот, имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, а потоа се разгледуваат и одобруваат на Влада.

– Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи, предупреди премиерот Ковачевски, кој денеска заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир направија теренска обиколка на локацијата во кругот на „ОХИС“, каде завршуваат подготвителните активности за отпочнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан и неговите изомери.

Инаку, Владата усвои антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор задолжувајќи ги сите буџетски корисници да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март.

Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително. Сите буџетски корисници и единки корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство. Владата ги задолжи и јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 проценти, да ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и за тоа да ја информираат Владата во рок од 15 дена. /МИА/.

Next Post
Хуманитарен настан - Апел за помош на Украина. Фото: М. Ацковска/Фронтлајн

МНР и Црвен крст потпишаа меморандум за соработка за поефикасна координација за собирање помош за Украина

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

August 22, 2025

Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk