ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал се приоритети на кои посветено продолжуваме да работиме

March 16, 2022 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Социјалната инклузија и развојот на човечки капитал, целосната поддршка на лицата изложени на социјален ризик и младите на пазарот на трудот овозможуваат забрзан и одржлив економски раст и развој кон подобар животен стандард,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешниот  Состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, кој се оддржа онлајн.

На состанокот учествуваа вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ, министерот за образование и наука, Шаќири и претставници од меѓународната заедница, институции и граѓански организации.

Министерката истакна дека во време во кое и нашето општеството е соочено со предизвиците од последиците од кризата,  особено е важно заеднички да се продолжи со започнатите напори за опоравување на економијата и подобрување на социјалната состојба и воопшто условите за живот и работа на граѓаните.

„Ние покажавме дека трудот на работникот се цени и вреднува, особено во услови на пандемија, енергетска криза и инфлаторни притисоци. Очекуваме дека зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени во таа насока ќе имаат директно влијание врз подобрување на стандардот на граѓаните и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот, како и конкуренцијата. Истовремено, се грижиме за животниот стандард на постарите лица, бидејќи знаеме дека пензиите имаат исклучително влијание врз вкупната сиромаштија во нашата земја,“ рече министерката Тренчевска.

Таа посочи дека за побрз, поинклузивен и поодржлив економски раст и извлекување на што поголем број граѓани од сиромаштија, клучни се и инвестициите во социјална заштита, со цел активација на ранливите групи на пазарот на труд.

На состанокот, министерката потенцираше дека, намалувањето на невработеноста на младите и долгорочно невработените, унапредување на условите за работа, вклучително и безбедноста и здравјето при работа, борбата против сиромаштијата, достапноста и одржливоста на квалитетни социјални услуги и процесот на деинституционализација, социјалната сигурност на старите лица, инвестициите во децата, поддршката за подобрена интеграција на Ромите, унапредувањето на родовата еднаквост, како и превенцијата и заштитата од дискриминација и родово-базираното насилство, остануваат да бидат клучни секторски сегменти кои имаат потреба од поддршка.

Во текот на состанокот од страна на претставниците на секторите, беа детално презентирани досегашните достигнувања, среднорочни и долгорочни приоритети кои произлегуваат од приоритетите дефинирани во Програмата за работа на Владата на РСМ и релевантните стратегии.​

Next Post

Украина го отфрли моделот на неутралност по примерот на Австрија и Шведска

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk