Претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека за време на украинско-руските преговори, страните веќе искажуваат пореални позиции, но се уште е потребно време, пренесува pravda.com.uа.
Претседателот рече дека за да победат сите граѓани мора да работат на своето работно место, вклучително и членовите на преговарачката група со Руската Федерација.
„Ова е важно. Тешко, но важно, бидејќи секоја војна завршува со договор. Средбите продолжуваат. Како што сум информиран, позициите во преговорите звучат пореално. Сепак, сè уште е потребно време за одлуките да бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски.
превод: Жорж Димовски